Ким Кардашијан низ солзи првпат зборува за проблемите со Канје: „Децата ќе ми бидат благодарни што не го ’оцрнувам‘ во јавност“
- Детали
- вторник, 27 декември 2022
„Кога ги носам децата на училиште и сакаат да слушаат песна на Канје, се преправам дека сè е во ред и пеам со нив. Кога ќе ги оставам, плачам“, открива Ким Кардашијан во ново интервју каде што првпат зборува за последиците врз неа и децата од проблематичното однесување на Канје.
Неодамна Ким Кардашијан и Канје Вест го финализираа разводот, а сега ријалити ѕвездата првпат прозборе за проблематичното однесување на раперот, како и обидите да ги заштити нивните деца од целата драма.
Ким Кардашијан гостуваше во поткастот на водителката Енџи Мартинез каде што низ солзи зборуваше за проблемите што ѝ ги предизвикува Канје со бројните скандали.
Таа вели дека не им кажува ништо од она што се случува со Канје и дека само поради нив не зборува за него во јавност.
Вели дека заедничкото старателство е многу, многу тешко и едвај издржува.
Ким истакнува дека имала прекрасен татко и жали што нејзините четири деца не можат да го искусат тоа.
„Го имав најдобриот татко, ги имам најубавите сеќавања и најубавото искуство, а тоа го сакам за моите деца.
Па, ако не знаат што се зборува или што се случува надвор, зошто јас да им ја носам таа енергија? Знаете, тоа се навистина тешки проблеми. Тие не се подготвени да се справуваат со тоа.
И кога ќе разговараме за тоа, јас ќе бидам подготвена, но дотогаш ќе направам сè за нивните животи да бидат што е можно понормални“.
Ким објаснува и како се обидува да ги заштити децата и да ги изолира од она што се зборува за неа и за Канје во јавноста.
„Дефинитивно го штитам Канје и уште ќе го штитам. За моите деца. Дома, моите деца не знаат што се случува во надворешниот свет“, вели Ким истакнувајќи дека ова може да биде особено тешко.
Ријалити ѕвездата добивала и огромна помош од наставничките на нејзините деца кои не дозволуваат тие да слушнат што било за Канје.
Исто така, наставничките внимавале и за што разговараат со другите деца, па Ким вели дека ги гледа како најдобри пријателки поради помошта ѝ поддршката што ги добива од нив.
„Ниту едно од децата на училиште им нема кажано нешто на моите деца. Кога се случува нешто, пробувам да ги заштитам и ова е работа со полно работно време“.
Истовремено, Ким не сака да ги изолира децата од Канје и сака тие да имаат добар однос со нивниот татко.
„Нормално дека сакам да споделам некои мисли, но тоа не сум јас. Некогаш, кога ги носам на училиште, тие сакаат да ја слушаат музиката на татко им, без разлика што се случува, па јас треба да се насмевнам, да пуштам негова песна и да пеам со нив како сè да е во ред. Штом ќе ги оставам на училиште, плачам“.
Ким смета дека нејзините деца ќе ѝ бидат благодарни бидејќи не зборува ништо лошо за Канје во јавност.
„Еден ден, децата ќе ми бидат благодарни бидејќи не го ’оцрнував‘ нивниот татко кога можев. Сите луди работи…
Ќе ми се заблагодарат, а јас насамо ќе им кажам сè што сакаат да знаат. Веќе не ми е место да се мешам“.
Спирова С. | Црнобело