Опра Винфри е мета на критики - не ѝ е јасно како некој нема 100 долари за подарок

„Сигурно не знае дека има работи што чинат помалку од 100 долари“, гласи еден од коментарите за реакцијата на Опра кога обожавател ѝ кажа дека не може да си дозволи подарок од 100 долари за неговата мајка. 

opra-vinfri-shokirana-bidejkji-fan-ne-mozhe-da-si-dozvoli-podarok-od-100-dolari-javnost-ja-kritikuva-nema-dopir-so-realnosta-01.jpg

Опра Винфри е една од најбогатите жени од Америка кои сами го стекнале богатството.

Моментално, нејзиното богатство се проценува на околу 2.5 милијарди долари, а ова ја прави и една од најбогатите личности од забавната индустрија.

Познатата водителка отсекогаш отворено зборувала за нејзините скромни почетоци. Самата има изјавено дека нејзиното семејство било толку сиромашно, што некогаш ѝ правеле облека од вреќи за компири, а никогаш во детството немала играчки.

opra-vinfri-shokirana-bidejkji-fan-ne-mozhe-da-si-dozvoli-podarok-od-100-dolari-javnost-ja-kritikuva-nema-dopir-so-realnosta-02.jpg

Сепак, и покрај искуството со сиромаштијата, изгледа дека Опра заборавила дека повеќето луѓе можат само да сонуваат за богатство како нејзиното.

Ова најдобро го покажува видео на ТикТок направено од нејзин обожавател.

Во видеото, фанот ја прашува Опра каков подарок да ѝ купи на мајка си која е болна. Водителката му предложува да ѝ купи убава кутија за накит, по што обожавателот вели дека тоа е премногу скапо за него.

opra-vinfri-shokirana-bidejkji-fan-ne-mozhe-da-si-dozvoli-podarok-od-100-dolari-javnost-ja-kritikuva-nema-dopir-so-realnosta-04.jpg

На ова, Опра одговара:

„Навистина не е, вреди околу 100 долари“.

Обожавателот истакнува дека неговиот буџет е многу помал од 100 долари, а Опра е дури шокирана:

„Помалку од 100 долари?“, прашува Опра видно изненадена.

Потоа таа му вели на обожавателот да запише 10 причини зошто ја сака неговата мајка, да ѝ направи убава картичка и тоа да биде неговиот подарок. 

@10gsocial Oprah knows hiw to give a sentimental gift #oprah #tv #gift #christmas #suprise ♬ Rockin' Around The Christmas Tree - Brenda Lee

Иако вториот предлог е одличен сентиментален подарок, јавноста не можеше, а да не даде замерка за нејзината реакција за буџетот на обожавателот.

„Беше шокирана што 100 долари е скапо. Веројатно се прашува и дали воопшто има работи што се поевтини од 100 долари“.

„Само што го нарече сиромашен“.

„Сигурно не знае дека прават банкноти за помалку од 100 долари“.

„Со години е милијардер. Добро е што не му предложи да ѝ купи автомобил“.

„Милијардерите не знаат како ни е на нас другите“.

opra-vinfri-shokirana-bidejkji-fan-ne-mozhe-da-si-dozvoli-podarok-od-100-dolari-javnost-ja-kritikuva-nema-dopir-so-realnosta-03.jpg

Сепак, некои сметаат дека Опра не погрешила со првиот предлог:

„Сметам дека Опра одлично се справи со ова и даде добар одговор“.

„Опра е милијардер, но даде предлог за подарок од 100 долари… а вие велите дека нема допир со реалноста“.

„Само сакаше да помогне. Ми се допаѓаат и двата предлога. Немаше осуда во нејзината реакција“.

Што мислите вие за реакцијата на водителката?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Зи е најбогат - Кои 10 музичари се со најголема заработка во кариерата? Џон Кори Картер, најпознат како Џеј Зи, е најбогатиот музичар во светот, надмину...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
Најскапите модни изданија на познатите дами на црвениот тепих Знаете ли дека впечатливиот жолт фустан што Ријана го носеше на Мет галата во 20...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
Татко ѝ милионер ја оставил со „само“ 800.000 долари, живееше во камп-приколка: Факти за Тори Спелин... Таткото на Тори Спелинг имаше богатство од 600 милиони долари, но ја остави ќерк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg