И Џиџи Хадид (27) е многу стара за Леонардо ди Каприо (48) – која е новата 23-годишна девојка на актерот?
- Детали
- четврток, 22 декември 2022
Леонардо ди Каприо беше забележан со нова, 23-годишна девојка, само неколку месеци по гласините за врската со Џиџи Хадид. Па, изгледа и 27-годишната Џиџи е престара за актерот, се шегуваат луѓето на социјалните мрежи.
Веќе сите знаат дека Леонардо ди Каприо сака млади девојки, а раскинувањето со Камила Морон еден месец пред да наполни 25 години само го потврди овој факт.
Па, јавноста беше изненадена кога се појавија гласини дека актерот се гледа со Џиџи Хадид која има „дури“ 27 години. Но, изгледа и Џиџи била престара за него.
Неодамна, актерот беше забележан со помлада девојка – 23-годишната Викторија Ламас.
Леонардо и Викторија, која е актерка, беа забележани како излегуваат од ресторан во Холивуд, пред да влезат во ист автомобил.
Извор за Page Six тврди дека актерот и Викторија не се во врска и биле на вечера со поголема група луѓе. Сепак, иако можеби не се во сериозна врска, јасно е дека заедно си поминуваат одлично и вечерта ја продолжиле сами, без другите луѓе од ресторанот.
Пред неколку месеци, Леонардо беше забележан со Џиџи Хадид, по што извори блиски до актерот потврдија дека се гледаат, но не брзаат.
Оттогаш тие се немаат појавено заедно, па веројатно нивната романса не траела многу долго.
Претходно, Леонардо беше во врска со Камила Морон, и тоа околу четири години, но се разделија кратко пред 25-тиот роденден на Камила.
Новата девојка со која беше забележан Ленардо е ќерка на актерот Лоренцо Ламас кој во САД е најпознат по улогата во сапуницата Falcon Crest.
И самата Викторија сака да се пробие во Холивуд и досега има добивано мали улоги во не многу познати проекти, како во краткиот филм Two Niner и серијата Secret Identity.
Таа има и Инстаграм профил со околу 23.000 следбеници.
Повеќе фотки од Викторија и Леонардо:
Спирова С. | Црнобело