Хит Леџер и уште 9 познати личности чија неочекувана смрт беше огромен шок за јавноста
- Детали
- недела, 08 јануари 2023
Ејми Вајнхаус имаше само 27 години кога почина како последица од алкохолизам, додека Чедвик Боузман четири години во тајност водел битка со ракот, пред да ѝ подлегне на болеста во 2020-та.
Иако смртта е неизоставен дел од животот, не помислуваме на оваа тема сè додека не се соочиме со неа. Особено кога станува збор за смртен случај на сакана личност, па дури и потполно неочекувана смрт на некоја ѕвезда.
Во продолжение 10 познати личности чија смрт беше шок за јавноста:
Чедвик Боузман
Актерот кој стана светски познат благодарение на филмовите на Марвел почина во август 2020-та, на само 43-годишна возраст.
Актерот имал рак на дебелото црево, и тоа околу четири години пред смртта, но јавноста не знаеше апсолутно ништо за ова.
Всушност, јавноста дозна за неговата болест дури по смртта.
Робин Вилијамс
Актерот чии филмови секогаш можат да ни го подобрат расположението почина во август 2014 година.
Робин Вилијамс си го одзеде животот на 63-годишна возраст, по бројните проблеми со здравјето и зависностите.
Според неговиот портпарол, тој имал депресија, а неговата сопруга сподели дека имал дијагноза и за Паркинсонова болест.
По аутопсијата се утврди дека актерот добил погрешна дијагноза за Паркинсон и страдал од вид деменција која веројатно имала голем удел во неговите проблеми со менталното здравје.
Алан Рикман
Најпознат како професор Снејп од филмскиот серијал Хари Потер, Алан Рикман почина во јануари 2016 година од рак на панкреас.
Претходно, во 2005 година, актерот се бореше и со рак на простата, а кратко пред смртта, во 2015-та, доживеа и мозочен удар.
Ракот му бил откриен овој период и на почетокот актерот ги криеше сериозните проблеми со здравјето од јавноста.
Хит Леџер
Хит Леџер имаше само 28 години кога почина во јануари 2008-ма.
Тој бил пронајден без свест во неговиот кревет. Неговата куќна помошничка повикала брза помош, но болничарите не успеале да го вратат во живот.
По аутопсијата се утврди дека причина за смртта била опасна комбинација од лекови како дијазепам, како и дека не станува збор за самоубиство како што се веруваше.
Во својата кратка кариера, Хит Леџер стана еден од најдобрите холивудски актери, а постхумно доби и Оскар за улогата на Џокер во The Dark Knight.
Британи Марфи
И Британи Марфи е една од многуте актерки која нè напушти прерано.
Таа имаше едвај 32 години кога почина во декември 2009 година.
Според аутопсијата, причина за смртта биле неколку фактори – пневмонија и многу ниско ниво на железо во крвта, во комбинација со предозирање со одредени лекови.