Хит Леџер и уште 9 познати личности чија неочекувана смрт беше огромен шок за јавноста
Стив Ирвин
Стив Ирвин е личноста што натера цела генерација да покаже интерес за живиот свет благодарение на неговите енергични емисии.
Стив беше авантурист кој патуваше до најдалечните краеви на земјата, само за да ни ги доближи уникатните животни и да ни помогне да научиме нешто за нив.
Токму една ваква авантура се покажа кобна за Стив.
Во септември 2006-та, кога имаше 44 години, Стив беше прободен во срцето од раја, додека снимаше емисија за Големиот Корален Гребен.
Уште поморничаво е што неговата смрт е и снимена бидејќи тој бил со цела филмска екипа.
Пол Вокер
Пол Вокер стана светски познат благодарение на филмскиот серијал Fast and Furious.
Во ноември 2013 година тој загина во сообраќајна несреќа, и тоа додека во тек беше снимањето на седмото продолжение од серијалот.
Актерот, кој тогаш имаше 40 години, возел со огромна брзина во област во Калифорнија, кога удрил во бетонска бандера и неговиот автомобил се запалил.
Актерот не бил под никакво дејство и според истрагата, причината за судирот била огромна брзина, но и застарените гуми на неговиот автомобил.
Коби Брајант
И познатиот кошаркар загина во несреќа, но во хеликоптерска.
Во јануари 2020 година, 41-годишниот кошаркар патуваше со приватен хеликоптер со осум други луѓе, вклучувајќи ја и неговата 13-годишна ќерка.
Хеликоптерот се сруши и загинаа сите патници, вклучувајќи ја и малата ќерка на кошаркарот.
Истрагата за причината за несреќата беше особено долга и се верува дека пилотот изгубил ориентација.
Авичи
Шведскиот диџеј и продуцент беше пронајден мртов во 2018-та, кога имаше само 28 години.
Диџејот тешко се справуваше со огромната популарност и имаше проблеми со алкохолизам, а подоцна и со опијати.
Поради ова, се соочуваше и со проблеми со менталното здравје, по што одлучи да направи пауза од кариерата.
Само еден ден пред неговата смрт, пријател на диџејот разговарал со неговиот татко искажувајќи загриженост за неговата ментална состојба.
Неколку денови по трагичната смрт, јавноста дозна дека диџејот си го одзел животот.
Ејми Вајнхаус
Уште една позната личност која не го прослави ни 30-тиот роденден пред својата смрт.
Ејми Вајнхаус за период од само неколку години стана најголемата музичка ѕвезда во светот. Но, таа имаше и сериозни проблеми со зависност од дрога и алкохол.
Пејачката успеа да се откаже од пороците, но штетата од прекумерното консумирање алкохол веќе била настаната.
Па, во јули 2011-та, на само 27 години, таа беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Лондон.
Спирова С. | Црнобело