Меган Маркл стана меме поради смешниот танц во новиот документарец: „Сега знаеме зошто не успеа во Холивуд“
- Детали
- петок, 16 декември 2022
Меган Маркл ги покажа танцувачките способности во новиот документарец на Нетфликс, а твитерџиите веднаш почнаа да се шегуваат на нејзина сметка, споредувајќи ја со Мистер Бин, па и Џим Кери во Ace Ventura.
Покрај бројните шокантни тврдења против кралското семејство, во новиот документарец на Нетфликс, Меган Маркл ги покажа и нејзините танцувачки способности.
Во краток инсерт од документарецот, Меган танцува пред влезната врата од нејзиниот дом, додека Хари ја снима.
Од видеото и самите ќе заклучите дека Меган навистина не знае да танцува, па веројатно не изненадува тоа што веднаш стана хит-меме на Твитер.
Твитерџиите најпрво почнаа да ја споредуваат со ликот на Рики Џервејс од британската The Office, а потоа и со други ликови, како Мистер Бин и Џим Кери во Ace Ventura.
Некои дури одат до таа мера што се шегуваат и за тоа што Меган тврди дека има депресија, но оние кои го критикуваат парот сметаат дека тоа е само лага за внимание.
За некои, бизарниот танц, но и други детали од документарецот, се „доказ“ дека Меган најверојатно лаже за депресијата.
„Уште немам да кажам апсолутно ништо, освен дека ова е поглед кон нејзината депресија“, гласи еден од твитовите.
https://twitter.com/manc_lass3/status/1603309299903520769
Дел од најсмешните твитови инспирирани од танцот на Меган:
„Добредојдовте во Frogmore Cottage, сакате да останете за вечера, сакате прегратка?“
https://twitter.com/nutmegsparkle/status/1603543111963095040
„Меган Маркл танцува“
https://twitter.com/RileyVinyl/status/1603403366046236672
„Не може да пее, не може да танцува, не може да глуми. И сега знаеме зошто не успеа во Холивуд“.
https://twitter.com/KingofPopTweets/status/1603584141333004288
„Очигледно сака да го победи ова“
https://twitter.com/RoyalFanPH1/status/1603587077018304514
„Не залудно го крстија овој злобен морничав киборг по неа“.
https://twitter.com/LovesStripes/status/1603547834598293504
https://twitter.com/TheMingingTart/status/1603615683522072576
https://twitter.com/kimberdb73/status/1603572594921426954
https://twitter.com/manc_lass3/status/1603615996178477056
Спирова С. | Црнобело