Нов тренд со „секси“ аватари се шири на Инстаграм – Кои македонски и светски ѕвезди објавија вакви портрети?
- Детали
- понеделник, 12 декември 2022
Нов тренд масовно се шири на социјалните мрежи, во кој познатите инфлуенсери креираат секси аватари преку апликации и фотографиите ги споделуваат на Инстаграм. Дарко Влогс, Јован Јованов, но и Меган Фокс креираа вакви аватари и ги објавија на своите профили на Инстаграм, но каква опасност се крие зад нив?
На социјалните мрежи масовно се шири нов тренд во кој познатите инфлуенсери и ѕвезди објавуваат свои портрети, изработени со апликации за аватари.
Вакви аватари објавија и Дарко Влогс, Јован Јованов и Сања Ристиќ, а актерката Меган Фокс, пак е збунета зошто сите фотографии се разголени.
„Дали на сите аватари сексуалноста е пренагласена како кај мене? Мислам зошто моите аватари најчесто се голи?“ – прашува Меган.
https://www.instagram.com/p/Cl72fI1rLVI/?utm_source=ig_web_copy_link
Меѓу првите што објави вакви фотографии беше и Марта Димоска, првата жена од Балканот што станала аналоген астронаут и прв македонски алтерантивен модел.
Марта на ТикТок појасни зошто одлучила да ги избрише ваквите аватари и што треба да земете предвид пред да почнете да користите апликации од таков тип:
„Првиот најголем проблем е поврзан со авторските права и голотијата. Голем број апликации, меѓу кои и онаа што јас ја користев всушност креираат топлес или целосно голи супер реалистични аватари од вас.
Со прифаќање на условите за користење вие им дозволувате да ги сочуваат тие фотографии, а потоа да можат да ги адаптираат, уредат или да ги продадат без да добиете компензација за тоа“ – појаснува Марта.
Понатаму таа вели дека поставките на овие апликации најчесто се со предрасуди.
„Тие се селектирани на начин што искривено го прикажува општеството и иако луѓето имаат најразлични големини и форми, постојат предрасуди во поглед на убавината.
Па така, при користењето, ако сте девојка апликациите ќе направат да изгледате послабо, вашите облини ќе бидат понагласени, ќе изгледате позгодни, помлади и позбунети...
Ако сте машко станувате без емоции, посериозни и малку повозрасни“ – појаснува Марта.
За крај вели дека уметниците што биле консултирани при креирање на овие апликации не добиваат компензација за трудот што го вложиле.
Марта препорачува пред да почнете да правите портрети со апликации за креирање аватари со вештачка интелигенција добро да ги прочитате условите за користење и да се информирате што е она што сте го прифатиле.
@astro_smarta Did I miss something? What have you noticed? Let me know in the comments below! #ai #artificialintelligence #aiart #art #aigeneratedart #fyp #interestingfacts ♬ original sound - Astro_sMarta