Важеше за секс симбол, а заради ментална болест се повлече од јавноста - Каде е и што прави денес Ким Бесинџер?

По првиот паничен напад се затворила дома и не излегувала 6 месеци, а вели дека потоа морала повторно да научи да вози. Разводот со Алек Болдвин ја погодил силно, по што почнала да прави голем број пластични операции – Каде е денес и што прави Ким Бесинџер?

vazheshe-za-seks-simbol-a-zaradi-mentalna-bolest-se-povleche-od-javnosta-kade-e-i-shto-pravi-denes-kim-besindjer-01.jpg

За последен пат имавме можност да ја видиме во 2018-та година филмот „50 нијанси потемно“ и многумина веруваа дека тоа ќе значи нејзиното враќање на филмското платно. Но, Ким Бесинџер (68) во последните 4 години е целосно повлечена од јавноста и непрепознатлива.

vazheshe-za-seks-simbol-a-zaradi-mentalna-bolest-se-povleche-od-javnost-kade-e-denes-kim-besindjer-02.jpg

Неодамна откри дека страда од тешко ментално заболување, агорафобија, што влијаело врз нејзината кариера, но и приватниот живот.

Агорафобијата е ментално заболување што означува страв од отворен простор, а лицата што страдаат од оваа болест најчесто се плашат да излезат на јавни места, каде има собир на луѓе и стравуваат дека може да им се случи нешто и нема да можат да добијат помош.

Во продолжение неколку интересни факти за актерката што долги години важеше за секс симбол:

Во минатото го носеше епитетот најубавата „Бонд девојка“, откако се појави во филмот „Никогаш не вели никогаш“, а воедно е и првата оскаровка што некогаш ја одиграла оваа улога.

vazheshe-za-seks-simbol-a-zaradi-mentalna-bolest-se-povleche-od-javnost-kade-e-denes-kim-besindjer-12.jpg

Таа беше манекенка и се натпреваруваше на изборите за Мис пред да стане актерка, но речиси никој не знаел дека додека ги крадеше воздишките во целиот свет, во приватниот живот се борела со проблеми со психичкото здравје.

vazheshe-za-seks-simbol-a-zaradi-mentalna-bolest-se-povleche-od-javnost-kade-e-denes-kim-besindjer-23.jpg

Таа неодамна раскажа дека првиот пат во 1980-та година имала паничен напад во маркет, по што цели шест месеци не излегла од дома.

„Корпата за пазарење беше речиси полна и одеднаш нешто ме обзема, па не можев ниту да дишам. Ја оставив корпата и отидов до автомобилот и тоа беше првиот пат кога се затворив речиси шест, седум месеци“ – раскажа таа.

vazheshe-za-seks-simbol-a-zaradi-mentalna-bolest-se-povleche-od-javnost-kade-e-denes-kim-besindjer-04.jpg

Во овој период таа воопшто не излегувала од дома, а не можела да поднесе ниту некој да ѝ дојде дома на гости. Веднаш почнувала да чувствува нервоза.

vazheshe-za-seks-simbol-a-zaradi-mentalna-bolest-se-povleche-od-javnost-kade-e-denes-kim-besindjer-15.jpg

Истата година стапила во брак со 14 години повозрасниот шминкер Рон Снајдер кого го запознала за време на снимање на филм.

По влегувањето во брак, тој дал отказ на работното место и го променил презимето во Бритон, затоа што таа сакала да ги има истите иницијали и кога го користела новото презиме.

vazheshe-za-seks-simbol-a-zaradi-mentalna-bolest-se-povleche-od-javnost-kade-e-denes-kim-besindjer-09.jpg

Ким и Роб се развеле во 1989-та година пред Божиќ, а таа во наредните 8 години морала да му плаќа месечна сума во износ од 9.000 долари.

vazheshe-za-seks-simbol-a-zaradi-mentalna-bolest-se-povleche-od-javnost-kade-e-denes-kim-besindjer-07.jpg

Роб објави книга мемоари насловена Longer Than Forever во која пишуваше за неговиот брак со Ким, но откри и дека таа за време на бракот имала афера со Ричард Гир.

vazheshe-za-seks-simbol-a-zaradi-mentalna-bolest-se-povleche-od-javnost-kade-e-denes-kim-besindjer-25.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg