Пижамите не успеваат да ѝ го покријат трудничкиот стомак – Фотка на Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс со Дедо и Баба Мраз
- Детали
- четврток, 08 декември 2022
Фотографијата на Блејк Лајвли Рајан Рејнолдс досега собра над 3 милиони лајкови, а може да се види дека актерката веќе не може да ја сокрие бременоста.
Во септември годинава Блејк Лајвли (35) на црвен тепих за првпат го покажа трудничкиот стомак и ги шокира сите со веста дека е бремена по четврти пат, а сега со сопругот Рајан Рејнолдс (46) во пресрет на божиќните празници споделија празнична фотографија.
Рајан Рејнолдс објави фотографија на Инстаграм со Дедо и Баба Мраз, а до неа напиша:
„Ја сретнавме Џесика Мраз и нејзиниот сопруг додека бевме на „Полар Експрес“. Таа беше таква каква што ја замислував кога бев дете. Мирисаше на колачи со цимет и сангрија.“
Нивната фотографија досега собра над 3 милиони лајкови, а може да се види дека Блејк веќе не може да ја сокрие бременоста. Празничните пижами не успеваат во целост да ѝ го покријат стомакот.
Инаку, она што предизвика најмногу коментари на социјалните мрежи е тоа што Блејк и Рајан „го открија“ името на сопругата на Дедо Мраз:
„Денес дознав дека сопругата на Дедо Мраз се вика Џесика“ – стои во еден од коментарите.
Инаку Блејк и Рајан веќе имаат 3 ќерки заедно: Џејмс (7), Инез (5) и Бети (2), а непосредно по објавувањето на веста дека актерката е бремена по четври пат, таа објави серијал труднички фотки на Инстаграм и ги замоли папараците да ѝ се тргнат од пред врата и да не ѝ ги плашат децата.
Прочитајте и Какви родители се Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли - тој менува пелени со насмевка, децата ги кријат од новинари
Б. С. Б. | Црнобело