Блејк Лајвли објави албум со труднички фотки и им порача на папараците: „Тргнете ми се од пред врата“
- Детали
- недела, 18 септември 2022
„Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс имаат три деца, а се надеваат дека четврото ќе биде момче“ – пишуваат странските медиуми, откако актерката на црвен тепих покажа дека е бремена по четврти пат. Актерката, пак, сподели албум со труднички фотки на социјалните мрежи.
Актерката Блејк Лајвли (35) минатата недела на црвен тепих покажа дека е бремена по четврти пат, а очигледно тоа предизвикало голем интерес кај фотографите и новинарите кои во изминатите неколку денови се во исчекување да ја „уловат“ за да објават повеќе нејзини фотографии.
Блејк која го очекува своето четврто дете со актерот Рајан Рејнолдс на Инстаграм сподели повеќе труднички пораки и упати силна порака до фотографите кои чекаат пред нејзиниот дом.
„Еве мои труднички фотографии за 11-те луѓе што чекаат пред мојот дом за да ме фотографираат да ме остават на мир. Ме плашите и мене и моите деца“ – им порача таа на папараци фотографите.
Инаку, актерката минатата недела за првпат на црвен тепих го покажа трудничкиот стомак на настанот Forbes Power Women's Summit и ги изненади сите.
Блејк и Рајан веќе имаат 3 деца заедно: Џејмс (7), Инез (5) и Бети (2), а странските медиуми повикувајќи се на сопствени извори пишуваат дека парот се надева дека овој пат ќе добијат уште еден син.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело