Блејк Лајвли е бремена по четврти пат - На црвен тепих го покажа трудничкиот стомак (фото)
- Детали
- четврток, 15 септември 2022
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс важат за еден од најскладните парови во Холивуд, а веќе го очекуваат своето четврто дете. Актерката се појави на настан во краток златен фустан, во кој не можеше да го сокрие трудничкиот стомак и ги изненади сите.
Актерката Блејк Лајвли им приреди изненадување на сите, откако покажа дека е бремена по четврти пат. Таа денес присуствуваше на годишниот Forbes Power Women's Summit, а на фотографиите од црвениот тепих се забележува нејзиниот труднички стомак.
Блејк се појави во краток златен фустан изработен од светки, што го надополни со бел шал и бели чевли со висока потпетица и ремен на глуждот, а фустанот не можеше да ја сокрие видливата промена на нејзиното тело.
35-годишната актерка и актерот Рајан Рејнолдс веќе имаат три деца заедно: Џејмс (7), Инез (5) и Бети (2).
Парот се запозна во 2010-та година додека заедно работеа на филмот Green Lantern. Врската ја почнаа во 2011-та година, а стапија во брак во 2012-та година.
Повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело