Џон Траволта се прости од Кирсти Али, колешката која призна дека со години била лудо вљубена во него: „Со неа имав посебна врска“

Во 2018-та година Кирсти откри дека додека играле во филмот таа потајно била вљубена во Џон Траволта.

„Мислам дека го бакнав Траволта. За малку мислев да побегнам и да се омажам за Џон. Го сакав, сѐ уште го сакам. Да не бев омажена ќе побегнев со него и сега ќе бевме во авион, затоа што тој има свој авион“ – рече таа.

djon-travolta-se-prosti-so-kristi-ali-koleshkata-koja-prizna-deka-so-godini-bila-ludo-vljubena-vo-nego-so-nea-imav-posebna-vrska-04.jpg

Кирсти во друга прилика пак откри дека тоа што усепала да не започне афера со Џон Траволта било најтешкото нешто што го направила во животот.

„Тоа беше најтешката одлука што ја донесов затоа што бев лудо вљубена во него – ни беше забавно и се забавувавме заедно. Немавме сексуална врска затоа што не сакав да го изневерам сопругот.

Но, знаете мислам дека е полошо некого да изневерите на тој начин отколку со сексуална врска. Мислам дека во мојот случај работите беа полоши затоа што си дозволив себеси да се вљубам и долго време да бидам вљубена во него“ – рече таа.

djon-travolta-se-prosti-so-kristi-ali-koleshkata-koja-prizna-deka-so-godini-bila-ludo-vljubena-vo-nego-so-nea-imav-posebna-vrska-06.jpg

Таа призна дека нејзината љубов кон Џон била толку силна, што во еден миг неговата сопруга Престон Кели дошла и ја предупредила да престане да флертува со нејзиниот сопруг.

Кирсти била двапати во брак. Првиот пат со Боб Али од 1970-та до 1977-ма година, а во 1983-та година се омажила за актерот Паркер Стивенсон со кого ги добила синот Вилијам и ќерката Лили. Парот се разведе во 1997-ма година.

djon-travolta-se-prosti-so-kristi-ali-koleshkata-koja-prizna-deka-so-godini-bila-ludo-vljubena-vo-nego-so-nea-imav-posebna-vrska-07.jpg

Нејзиниот сопруг 2 години по разводот рече дека тие двајца повеќе не се пријатели, но дека комуницираат заради доброто на нивните деца.

djon-travolta-se-prosti-so-kristi-ali-koleshkata-koja-prizna-deka-so-godini-bila-ludo-vljubena-vo-nego-so-nea-imav-posebna-vrska-08.jpg

Тој исто така на својот Инстаграм профил објави нивни заеднички фотографии и до нив напиша:

„Драга Кирсти, премногу сум благодарен за нашите заеднички години и за двете прекрасни деца и внуците што ги имаме. Ќе ни недостигаш, Паркер.“

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg