Џон Траволта се прости од Кирсти Али, колешката која призна дека со години била лудо вљубена во него: „Со неа имав посебна врска“
- Детали
- вторник, 06 декември 2022
Призна дека била лудо вљубена во Џон Траволта додека била во брак со друг маж, светот ќе ја помни како извонредна актерка, но и како истакнат претставник на скиентолошката црква – детали од животот на Кирсти Али, актерката која почина на 71 година, а колегите меѓу кои и Џон, се збогуваат од неа.
Холивудската актерка и истакнат претставник на скиентолошката црква Кирсти Али почина на возраст од 71 година, по краткотрајна борба со рак.
Веста на социјалните мрежи вчеравечер (05.12) ја соопштија нејзиниот син Вилијам Тру (30) и ќерката Лили Прајс (28).
Тие меѓу другото открија дека нивната мајка неодамна дознала дека боледува од рак и дека била опкружена со најблиското семејство додека се борела со болеста
„Таа беше неверојатна на екраните, а беше уште подобра мајка и баба“ – стои во соопштението.
Актерката ќе остане запаметена по улогите во филмовите Look Who’s Talking, Star Treck, Cheers, Toothles, Cheers и други.
Меѓу познатите личности што јавно се простија од неа беше и актерот Џон Траволта со кого заедно играа во филмот Look Who’s Talking.
„Со Кирсти имав една од најзначајните врски во мојот живот. Те сакам Кирсти. Знам дека повторно ќе се видиме“ – напиша тој.