Девојката на Џеф Безос ги покажа мускулестите нозе во мини-фустан на 52 години, откако тој откри дека ќе го донира речиси целото богатство
- Детали
- понеделник, 05 декември 2022
Лорен Санчез не ги крие годините и гордо ги покажа мускулестите нозе на вечера со Џеф Безос, откако парот првпат направи заедничко интервју, а милијардерот откри дека планира да донира поголем дел од неговото богатство кое моментално изнесува 117 милијарди долари.
Моментално четвртиот најбогат човек во светот – Џеф Безос – и неговата девојка Лорен Санчез беа забележани во Лос Анџелес пред италијански ресторан кој е популарен помеѓу богаташите.
52-годишната Лорен, која промовира здрав живот на нејзиниот Инстаграм профил, изгледаше одлично во црн мини-фустан кој ги истакнува нејзините мускулести нозе.
Иако постојат шпекулации дека Лорен има направено пластична операција на градите и најверојатно користи филери за усните, таа сепак не пробува да ги скрие годините.
Џеф Безос беше во полежерно издание, со фармерки, маичка и црна кошула.
Неодамна, основачот на Amazon и Лорен првпат направија заедничко интервју, истакнувајќи дека се пресреќни заедно.
Тие зборуваа и за нивната соработка за вселенската компанија на Безос, а Лорен сподели дека планира да оди во вселената во 2023 година.
„Ние сме одличен тим и многу ни е забавно заедно. И се сакаме… секогаш се грижиме еден за друг. Се почитуваме еден со друг, па забавно ни е и кога соработуваме“, сподели Лорен.
Лорен и Безос не споделуваат скоро ништо за приватниот живот, но сега открија дека поголемиот дел од времето сакаат да го минуваат со семејството.
„Некогаш сме здодевни. Би рекла нормални. Вечераме со децата и тоа секогаш е забавно. Седуммина сме, па имаме многу теми на разговор. Потоа гледаме филм… Веројатно трошиме повеќе време во одбирање на филмот отколку во гледање“, изјави Лорен.
Во истото интервју, Безос откри дека планира да донира поголем дел од неговото богатство кое моментално изнесува 117,5 милијарди долари.
До неодамна, тој беше најбогатиот човек на светот, но сега се наоѓа на четвртата позиција.
Милијардерот сподели дека уште нема план како точно ќе го донира богатството, но истакна дека најмногу пари ќе даде за цели како борба со климатските промени.
„Не е лесно. Не беше лесно да се изгради Amazon. Имаше многу работа, многу паметни соработници и јас и Лорен сметаме дека добротворната работа и филантропијата се слични.
Има многу начини да се направи нешто неефикасно. Па, мора внимателно да размислите и мора да имате брилијантни луѓе на вашиот тим“.
Безос честопати е критикуван дека само го „трупа“ богатството кога може да помогне за многу разни цели, најмногу бидејќи неговата поранешна сопруга – Мекензи Скот, има донирано речиси четири милијарди долари за помалку од една година.
Повеќе фотки од парот:
Спирова С. | Црнобело