Balenciaga обвинети за промовирање детска порнографија и педофилија во кампања – Ким Кардашијан сака да продолжи да соработува со нив

Брендот Balenciaga се соочи со остри критики поради новата рекламна кампања на која има фотографии од дечиња кои позираат со играчки и садо-мазо облека и додатоци. Додека многу познати личности го осудија потегот, Ким Кардашијан одбива да ја прекине соработката со брендот, па и таа се најде на мета на критики.

balenciaga-obvineti-za-promoviranje-detska-pornografija-i-pedofilija-so-kampanjata-kim-kardashijan-saka-da-prodolzhi-da-sorabotuva-so-niv-01.jpg

На 21-ви ноември, модниот бренд Balenciaga ја разбранува јавноста со фотографии направени во склоп на рекламна кампања.

На фотографиите модели се мали дечиња, а проблемот за многумина е тоа што позираат со кадифени играчки во садо-мазо облека и додатоци покрај нив.

Јавноста смета дека фотографиите се морничави и вознемирувачки, но и дека се граничат со детска порнографија.

На една фотографија, мало девојче стои на кревет, а во рацете држи кадифено мече кое носи садо-мазо додатоци.

Мечето има мрежеста блуза, а на рацете и нозете има ремени. На креветот пред девојчето има разни продукти од модниот бренд.

balenciaga-obvineti-za-promoviranje-detska-pornografija-i-pedofilija-so-kampanjata-kim-kardashijan-saka-da-prodolzhi-da-sorabotuva-so-niv-04.jpg

Слична е и втората фотографија која се споделува на социјалните мрежи – девојче стои на тросед, а во рацете држи играчка која има кожени ремени.

balenciaga-obvineti-za-promoviranje-detska-pornografija-i-pedofilija-so-kampanjata-kim-kardashijan-saka-da-prodolzhi-da-sorabotuva-so-niv-05.jpg

Играчките се всушност чанти кои не се ни наменети за деца, поради што многумина сметаат дека воопшто немало потреба да ги рекламираат со дечиња.

„Одвратно“ и „морничаво“ се само дел од коментарите на Твитер, а откако кампањата стана вирална, некои корисници забележале и морничав детаљ.

balenciaga-obvineti-za-promoviranje-detska-pornografija-i-pedofilija-so-kampanjata-kim-kardashijan-saka-da-prodolzhi-da-sorabotuva-so-niv-06.jpg

На друга фотографија од кампањата се гледа црна чанта оставена врз куп расфрлани документи. Некои твитерџии тврдат дека во купот се гледа американски закон за детска порнографија во испечатена форма.

„Брендот Balenciaga само што направи интересна фотосесија со новите продукти која вклучува намерно лошо скриен судски документ за ’виртуелна детска порнографија‘“, пишува во објавата каде што е споделена фотографијата.

Наводно, според овој документ, доколку станува збор за виртуелна порнографија, односно видео или фотографија со виртуелни модели, а не вистински деца, тогаш нема никаков прекршок.

Веб-сајтот Newsweek сподели дека фотографиите со документот се од друга кампања, но сепак на Balenciaga, по што многумина изјавија дека веруваат дека брендот суптилно пробува да промовира детска порнографија и педофилија. 

balenciaga-obvineti-za-promoviranje-detska-pornografija-i-pedofilija-so-kampanjata-kim-kardashijan-saka-da-prodolzhi-da-sorabotuva-so-niv-10.jpg

Поради притисокот од јавноста, модниот бренд ја отстрани кампањата и јавно се извини:

„Искрено се извинуваме за каква било навреда предизвикана од нашата празнична кампања. Нашите чанти како кадифени мечиња не требаше да бидат рекламирани со деца. Веднаш ја отстранивме кампањата од сите платформи.

Се извинуваме за покажување непријатни документи во нашата кампања. Сериозно го сфаќаме овој проблем и ќе ги тужиме лицата одговорни за сетот. Строго ја осудуваме злоупотребата на децата во која било форма“.

Во меѓувреме, Бела Хадид ги избриша нејзините фотографии направени во соработка со Balenciaga, а многумина очекуваа и Ким Кардашијан да го направи истото.

balenciaga-obvineti-za-promoviranje-detska-pornografija-i-pedofilija-so-kampanjata-kim-kardashijan-saka-da-prodolzhi-da-sorabotuva-so-niv-09.jpg

Ријалити ѕвездата има соработувано на бројни кампањи со брендот и фановите очекуваа да ја прекине соработката.

Но, цела недела Ким не се огласи, а кога конечно го направи тоа, изјави дека одбива да прекине соработка со брендот.

„Молчев изминативе неколку денови не бидејќи не бев шокирана и гневна од новите кампањи на Balenciaga, туку бидејќи сакав можност да зборувам со нивниот тим за самата да сфатам како можело да се случи нешто вакво.

Како мајка на четири деца, бев потресена од вознемирувачките фотографии. Безбедноста на децата мора да биде најважна и што било против тоа не треба да има место во нашето општество.

Ценам што Balenciaga ja тргна кампањата и што се извини. Додека зборував со нив, верувам дека ја сфатија сериозноста на проблемот и ќе ги преземам сите потребни мерки за ова никогаш да не се повтори“, напиша Ким на Инстаграм Стори.

balenciaga-obvineti-za-promoviranje-detska-pornografija-i-pedofilija-so-kampanjata-kim-kardashijan-saka-da-prodolzhi-da-sorabotuva-so-niv-03.jpg

Ријалити ѕвездата вели и дека нема да ја прекине соработката со брендот, туку пробува да ја обнови врската со нив. Според неа, тие ветиле дека вакво нешто никогаш нема да се повтори, а таа им верувала.

balenciaga-obvineti-za-promoviranje-detska-pornografija-i-pedofilija-so-kampanjata-kim-kardashijan-saka-da-prodolzhi-da-sorabotuva-so-niv-02.jpg

Очекувано, јавноста остро ја критикуваше изјавата на Ким.

„Избриши го ова и врати се со правилната изјава. Изјава која вели ’Ја прекинувам секоја врска со Balenciaga поради вознемирувачките фотографии со деца од нивната кампања‘. Ова е единствената изјава што требаше да ја дадеш“.

„Не верувам дека си искрена. Мислам дека само се надеваше дека сите ќе заборават на ова. Нема шанси брендот да платил за рекламна кампања и да не ја разгледал детално пред да ја сподели. Изгледа дека тебе поважни ти се парите“.

„Не може да си толку гневна штом продолжуваш да соработуваш со нив“.

balenciaga-obvineti-za-promoviranje-detska-pornografija-i-pedofilija-so-kampanjata-kim-kardashijan-saka-da-prodolzhi-da-sorabotuva-so-niv-11.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Ким Кардашијан на скршеното стапало си стави гипс во облик на висока потпетица + црвени нокти Коментарите се од „Иновативно“ до „Скршено стапало не треба да биде во гипс со о...
Ќерката на Ким и Канје се гушка со маќеата, додека мама очајно бара помош да се справи со децата Најстарата ќерка на Ким и Канје, Норт, очигледно се поврзува со девојката на тат...
Пијана се валка на подот, Меколи Калкин ја снима: Ким Кардашијан критикувана за бизарното празнично ... „Мислам дека ќе умрам за 7 дена откако ќе го изгледам видеото (како во The Ring)...
Морничавата опсесија на Ким Кардашијан – купува облека и накит од починати славни личности Шешир на Мајкл Џексон, часовник на Џеки Кенеди, накит на Елизабет Тејлор – Ким К...
Ако носат телефон, следува отказ - Бизарните правила на Ким Кардашијан за дадилките Штом почнат да работат за неа добиваат два прирачници: еден за облекување и еден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg