Канје Вест ги терал вработените да гледаат порно и им покажувал експлицитни фотографии од Ким Кардашијан
- Детали
- среда, 23 ноември 2022
Според неколку поранешни вработени во Yeezy и Adidas, Канје Вест честопати гледал порно за време на состаноци и им покажувал експлицитни видеа и снимки од него, но и од Ким Кардашијан.
Скандалите поврзани со Канје Вест не стивнуваат – по расистичките изјави, неговите поранешни вработени откриваат дека тој им покажувал експлицитни снимки и фотографии од Ким Кардашијан, а честопати пуштал и видеа за возрасни на состаноци.
Според магазинот Rolling Stone, раперот пробувал да наметне доминација врз вработените користејќи вербално малтретирање, па дури и експлицитни фотографии и видеа од кои дел биле со Ким Кардашијан.
Од магазинот велат дека разговарале со 20-тина поранешни вработени во Yeezy – модниот бренд на Канје – како и поранешни вработени од Adidas кои соработувале со раперот.
Повеќето од нив откриваат дека Канје во неколку наврати ги присилил да гледаат експлицитни фотографии и видеа од Ким Кардашијан.
Според еден од интервјуираните, во 2018 година раперот имал состанок со дел од вработените, кога им покажал експлицитно видео од Ким.
Истата година, за време на друг состанок, Канје покажал гола фотографија од Ким, изјавувајќи дека му ја испратила таа.
„Фотографијата беше многу интимна. Пробав да не реагирам“.
Пред неколку години, млад дизајнер кој се надевал на соработка со раперот отишол во неговиот дом на интервју за работната позиција.
Само што влегол во дневната соба, Канје му рекол да погледне во екранот на лаптопот. Дизајнерот мислел дека раперот ќе му покаже нешто поврзано со работната позиција, но Канје му покажал порно снимка.
„Ми покажа порно со две девојки. Само ми рече ’Што мислиш за ова?‘ и не се ни насмеа“.
Други двајца дизајнери споделуваат слични приказни, истакнувајќи дека раперот им покажувал и секс снимки од него со разни жени.
„Се случуваше додека сме на состанок тој да си го извади лаптопот и да си пушти порно. И само ќе речеше ’Знам дека ви е непријатно, но ми треба ова за да бидам фокусиран‘. Ние само ќе речевме во ред“, открива поранешен вработен кој вели дека морале да му се потчинуваат на Канје доколку сакале да ги задржат работните места.
Истата личност тврди дека тој го видел Канје како пушта порно на најмалку пет состаноци.
Повеќето интервјуирани личности сметаат дека раперот ја користел оваа тактика со цел да ги тестира нивните граници и да им наметне доминантност.
Дел од нив велат и дека Канје се однесувал ужасно кон жените кои работеле за него.
Покрај тоа што ги навредувал, тој неретко им дофрлал и сексистички коментари, но и се однесувал „предаторски“ кон нив и ги вознемирувал.
Спирова С. | Црнобело