Дениз Ричардс, бившата на Чарли Шин, непрепознатлива и видно вознемирена откако некој пукал во нејзиниот автомобил (фото)
- Детали
- четврток, 17 ноември 2022
На најновите папарацо фотки, Дениз Ричардс е видно вознемирена откако некој пукал во нејзиниот автомобил додека била во него. Актерката изгледа и многу поразлично од вообичаено, но тврди дека не станува збор за пластични операции, туку проблеми со тироидната жлезда поради што качила некој килограм.
На 14-ти ноември, некој пукал во автомобилот на Дениз Ричардс, поранешната сопруга на Чарли Шин.
51-годишната актерка била во автомобилот со нејзиниот сопруг и иако не се повредени, Дениз сподели дека ова бил најтрауматичниот настан во нејзиниот живот.
Според TMZ, актерката и сопругот Арон оделе кон филмско студио во Лос Анџелес. Арон го возел автомобилот и се движел малку побавно бидејќи не можел да го лоцира студиото.
Наводно, ова го разгневило возачот кој бил веднаш зад нив.
Иако Арон му направил место за да помине, возачот застанал до Дениз и сопругот, го отворил прозорецот и почнал да се расправа.
Арон се извинил и пробал да се оддалечи од гневниот возач, но тој продолжил да вика.
Набрзо потоа Дениз и Арон го лоцирале студиото и штом излегле од автомобилот, сфатиле дека во него има дупка од куршум.
По инцидентот, актерката поминала 12 часа во студиото каде што работи на нејзиниот нов филм, а според присутните била видно вознемирена.
Уште не е познато кој пукал кон автомобилот на актерката, но наводно полицијата го истражува случајот.
Два дена по инцидентот, Дениз беше забележана во Калифорнија, а на папарацо фотките изгледа навистина вознемирено.
Актерката разговараше на телефон, а во еден момент дури и се расплака.
И на останатите фотки од истиот ден, кои се направени подоцна, Дениз изгледа како да плаче, а нејзината анксиозност е повеќе од очигледна.
Актерката се огласи во врска со инцидентот дури синоќа, откако корисник на Твитер напиша дека посакувал да ја застрелале Дениз во вратот. Твитот е избришан, но уште стои одговорот на актерката:
„Ти благодарам. Никогаш не би му посакала нешто лошо на некого. Она што ми се случи вчера со сопругот, не дека ти е гајле, беше најстрашната ситуација во којашто сум била. Жал ми е што не бев застрелана во вратот“.
Покрај вознемирувачкиот инцидент, изминативе година-две Дениз привлекува многу внимание со нејзиниот изглед, односно очигледните промени во нејзиното лице.
Во 2019 година, таа прозборе за шпекулациите дека направила неколку пластични операции и дека користи разни процедури за разубавување:
„Имам направено операција само на градите и многу сум отворена и искрена за тоа. Ги имам истиот нос и истите усни. Не користам ботокс или филери“.
Сепак, веќе следната година актерката призна дека има користено ботокс, но повторно негираше дека го користи редовно.
„Не ми се допаѓаше чувството во лицето по третманот. Се чувствував како некој да ми го притиска челото надолу“.
Актерката истакнува дека во периодот 2019-2020 година имала проблеми со тироидната жлезда, поради што качила некој килограм. И, токму поради ова нејзиното лице изгледало поразлично и малку отечено.
Повеќе фотки од Дениз и сопругот по инцидентот:
Спирова С. | Црнобело