Дојдоа сите познати личности, но девојката го „извиси“ – Леонардо ди Каприо го прослави 48-иот роденден (фото)
- Детали
- вторник, 15 ноември 2022
Лео побарал од гостите да ги остават мобилните телефони на влезот на забавата, но тоа не ги спречи папараците да ги фотографираат на заминување сите познати гости што присуствуваа на роденденската забава на актерот. На забавата не се појави неговата нова девојка.
Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо приреди забава по повод неговиот 48-ми роденден. На забавата се собраа голем број познати личности.
Бредли Купер, Кејт Хадсон, Ештон Кучер, Мик Џегер, Ребел Вилсон, Леброн Џејмс... Ова се само некои од имињата на славните гости кои присуствуваа во домот на Лео во Беверли Хилс, на забавата организирана по повод неговиот 48-ми роденден.
Според Page Six тоа била прекрасна забава со добра музика, алкохол и храна, а присутните одлично се забавувале.
Од папарацo фотографиите може да се забележи дека и покрај гласините за помирување со мајката на неговата ќерка Ирина Шајк, Бредли Купер на забавата пристигнал сам, а беше „уловен“ како си заминува со Кејт Хадсон.
Ребел Вилсон на забавата се појави со својата свршеница, а Леброн Џејмс беше заедно со сопругата и со агентот Рич Пол, кој, пак овојпат беше без неговата девојка Адел.
Наводно, при влегувањето, од гостите било побарано да ги остават своите мобилни телефони, со цел да нема протекување на фотографии во јавноста.
Забележително беше дека на забавата не се појави Џиџи Хадид (27) за која се шпекулира дека во моментов е во врска со Леонардо ди Каприо, откако претходно тие двајца беа забележани како се појавуваат заедно на неколку настани.
Според информациите, Лео и Џиџи се заедно, но не сакаат премногу да брзаат во врската и засега се обидуваат својата приватност да ја сочуваат подалеку од очите на јавноста.
Погледнете уште неколку фотки од гостите на забавата на Лео:
Б. С. Б. | Црнобело