Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возачи 01-10-2024


Хит видео од свадбата на Тифани Трамп на социјалните мрежи: „Ова наликува на сатанистички ритуал“

Танчарки облечени во пердуви и златни тоалети, торта на осум ката и говорот на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп - oва се некои од највпечатливите мигови од свадбата на Тифани Трамп со нејзиниот 4 години помлад свршеник Мајкл Болос.

videa-od-svadbata-na-tifani-tramp-kruzhat-na-socijalnite-mrezhi-ova-nalikuva-na-satanistichki-ritual-01.jpg

Во саботата, ќерката на Доналд Трамп, Тифани (29) стапи во брак со милијардерот Мајкл Болос (25) на имотот на татко ѝ Мар–а-Лаго.

videa-od-svadbata-na-tifani-tramp-kruzhat-na-socijalnite-mrezhi-ova-nalikuva-na-satanistichki-ritual-02.jpg

Тифани носеше венчаница од Ellie Saab, а до олтарот ја однесе нејзиниот татко Доналд (76), а мајката на невестата, актерката Марла Мејплс која се разведе со Трамп во 1999-та година, носеше тоалета во боја на лавaнда со потписот на Eliie Saab.

videa-od-svadbata-na-tifani-tramp-kruzhat-na-socijalnite-mrezhi-ova-nalikuva-na-satanistichki-ritual-07.jpg

Парот ги размени брачните завети на отворено, по што следеше прием со коктели, а гостите можеа да уживаат во погледот на зајдисонцето.

videa-od-svadbata-na-tifani-tramp-kruzhat-na-socijalnite-mrezhi-ova-nalikuva-na-satanistichki-ritual-05.jpg

По ова следеше екстравагантен прием со бенд и танчари кои настапуваа на подиумот, а некои од видеата од танцот станаа хит на Твитер.

https://twitter.com/AliseNavidad/status/1591635148503920643

Теоретичарите на заговори веднаш почнаа да коментираат дека целиот настан малку наликува на сатанистички ритуал.

„Зошто овие луѓе се толку морничави“, „Тие се култ“, „Зошто ми се чини дека по полноќ ќе играат криенка во некоја црвена соба“, „Најверојатно ќе почнат да ги играат вторите годишни игри на култот“, „Зошто очите им се затворени на танчарките“, „Ова да не е некој ритуал на култот“, „Сигурно Меланија ги ангажирала“ – стои во дел од коментарите.

videa-od-svadbata-na-tifani-tramp-kruzhat-na-socijalnite-mrezhi-ova-nalikuva-na-satanistichki-ritual-16.jpg

На свадбата пред присутните одржа говор и поранешниот претседател на САД кој рече:

„Мајкл подобро ти е да се грижиш за неа. Без сомнеж, ти си прекрасна личност и многу си зрел за сопствените години. Сум видел како се справуваш со некои влијателни луѓе...

Вие сте две прекрасни личности и ова беше прекрасен ден.“

videa-od-svadbata-na-tifani-tramp-kruzhat-na-socijalnite-mrezhi-ova-nalikuva-na-satanistichki-ritual-12.jpg

Доналд прокоментира и за ураганот кој за среќа ги одмина, рече дека ќерка му и новиот зет биле мошне загрижени за времето, па дури сакале да направат и шатор врз базенот, но тој не дозволил затоа што тоа ќе чини многу пари, а и сметал дека нема да биде истото доживување.

videa-od-svadbata-na-tifani-tramp-kruzhat-na-socijalnite-mrezhi-ova-nalikuva-na-satanistichki-ritual-06.jpg

Тифани и Булос танцуваа на песната на Елвис Присли Can’t Help Falling in Love, а за гостите имаше торта на осум ката декорирана со бели светови.

videa-od-svadbata-na-tifani-tramp-kruzhat-na-socijalnite-mrezhi-ova-nalikuva-na-satanistichki-ritual-11.jpg

Инаку, избраникот на Тифани, Мајкл Лагос по потекло е од Нигерија каде има сопствен конгломерат од компании, а се претпоставува дека „тежи“ околу 20 милиони долари.

videa-od-svadbata-na-tifani-tramp-kruzhat-na-socijalnite-mrezhi-ova-nalikuva-na-satanistichki-ritual-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg