Ретко појавување на црвениот тепих на Ким Катрал (66) со 16 години помладиот партнер (фото)
- Детали
- среда, 09 ноември 2022
Зад себе има 3 пропаднати бракови и денес изгледа многу поинаку од времето на Саманта во серијата „Sex and the City“... Ким Катрал старее природно и достоинствено и уште на 41 година изјави дека одлучила да нема деца.
Ким Катрал (66), најпозната по ликот на Саманта во серијата „Sex and the City“, се појави на црвениот тепих на настанот Glamour Women of the Year Awards во Лондон.
Актерката, која ретко ја гледаме на јавни настани од овој тип, присуствуваше со својот партнер Расел (50).
Парот се запозна во 2016 година додека Ким работеше во BBC и оттогаш уживаат во љубовната врска.
Ким има три пропаднати бракови зад себе - првиот заврши во далечната 1979 година, вториот во 1989 година, а третиот брак пак ѝ беше од 1998 година до 2004.
Во една пригода, на своја 41 година, таа изјави дека одлучила да нема деца, поради пренапорниот распоред за снимање во популарната серија, што не ѝ дозволувал да има секс со тогашниот партнер во времето или часот што бил потребен за да дојде до оплодување.
Таа тогаш рече дека сака да работи многу и сака да ја задржи својата слобода и независност, па ја донела таа одлука.