Му го спасила животот, се вљубил во неа додека беше со друга жена – љубовната приказна на Антонио Бандерас и 20 години помладата девојка

Антонио Бандерас (62) се вљубил во Никол Кимпел (42) додека беше во брак со Мелани Грифит, а вели дека Никол буквално му го спасила животот кога имал инфаркт.

mu-go-spasila-zhivotot-se-vljubil-vo-nea-dodeka-beshe-so-druga-zhena-ljubovnata-prikazna-na-antonio-banderas-i-20-godini-pomladata-devojka-01.jpg

Антонио Бандерас е роден во 1960 година во Шпанија и сонувал да стане професионален фудбалер.

Но, откако си го скршил стапалото, морал да се откаже од својот сон, па почнал да размислува за актерка кариера.

mu-go-spasila-zhivotot-se-vljubil-vo-nea-dodeka-beshe-so-druga-zhena-ljubovnata-prikazna-na-antonio-banderas-i-20-godini-pomladata-devojka-02.jpg

20 години откако се родил актерот, во Германија се родила Никол Кимпел. Поради професијата на нејзиниот татко, Никол пропатувала многу земји во детството, а продолжила да патува и подоцна во животот.

Па така, во 2014 година, и Никол и актерот присуствувале на Канскиот филмски фестивал каде што првпат се сретнале.

Тој период актерот беше во брак со Мелани Грифит, но средбата со Никол сепак не го оставила рамнодушен.

mu-go-spasila-zhivotot-se-vljubil-vo-nea-dodeka-beshe-so-druga-zhena-ljubovnata-prikazna-na-antonio-banderas-i-20-godini-pomladata-devojka-03.jpg

Најпрво, актерот ја запознал сестрата близначка на Никол – Барбара.

„И тогаш, одеднаш се појави Никол, а мене ми застана срцето. Со Барбара изгледаа речиси идентично, но во Никол видов нешто посебно“, изјави актерот.

Следната година, Антонио Бандерас и Мелани Грифит се разведоа. Во меѓувреме, актерот продолжил да комуницира со Никол, па наскоро споделија дека се пар.

mu-go-spasila-zhivotot-se-vljubil-vo-nea-dodeka-beshe-so-druga-zhena-ljubovnata-prikazna-na-antonio-banderas-i-20-godini-pomladata-devojka-04.jpg

Речиси веднаш потоа, и Антонио и Никол заминаа во Лондон и почнаа да работат на заеднички проект – модна линија на актерот.

За овој период, актерот вели дека постојано се надополнувале и благодарение на тоа постигнале голем успех.

mu-go-spasila-zhivotot-se-vljubil-vo-nea-dodeka-beshe-so-druga-zhena-ljubovnata-prikazna-na-antonio-banderas-i-20-godini-pomladata-devojka-05.jpg

На почетокот од 2019 година, Антонио се соочи со сериозни проблеми со здравјето. Актерот имаше инфаркт и тврди дека Никол буквално му го спасила животот.

„Кога ми се појавија првите симптоми, таа веднаш ми стави аспирин под јазикот. Благодарение на неа, добив втора шанса за живот и оттогаш мојот живот многу се промени“.

mu-go-spasila-zhivotot-se-vljubil-vo-nea-dodeka-beshe-so-druga-zhena-ljubovnata-prikazna-na-antonio-banderas-i-20-godini-pomladata-devojka-06.jpg

Иако проблемите со здравјето биле страшен период и за двајцата, актерот вели дека дефинитивно им помогнале да се зближат уште повеќе.

„Работите за коишто се грижев дотогаш повеќе не ми беа важни. Почнав да ги ценам пореалните работи. Мојата ќерка, моите пријатели, моето семејство – ова се работите што сега ми се најважни“.

mu-go-spasila-zhivotot-se-vljubil-vo-nea-dodeka-beshe-so-druga-zhena-ljubovnata-prikazna-na-antonio-banderas-i-20-godini-pomladata-devojka-07.jpg

Пред проблемите со здравјето на актерот, тој и Никол извесно време живееја одвоено. Сепак, кога сфатиле дека животот е краток, решиле заедно да се преселат во Шпанија.

„Ми недостасува семејството бидејќи не ги гледам како порано. Но, покрај мене е мојот сакан. Многу сум среќна овде. Бев пречекана со широко отворени раце и се чувствувам како да сум дома“, изјави Никол во една прилика.

mu-go-spasila-zhivotot-se-vljubil-vo-nea-dodeka-beshe-so-druga-zhena-ljubovnata-prikazna-na-antonio-banderas-i-20-godini-pomladata-devojka-09.jpg

Неодамна Никол и Антонио ја прославија осмата годишнина, а интересно е што не размислуваат за брак.

„Слободно можам да кажам дека сум во брак. Никол е мојата жена, а јас сум нејзиниот маж. Одлично ни оди“, изјави актерот.

mu-go-spasila-zhivotot-se-vljubil-vo-nea-dodeka-beshe-so-druga-zhena-ljubovnata-prikazna-na-antonio-banderas-i-20-godini-pomladata-devojka08.jpg

Без разлика што Никол и Антонио не планираат да ја крунисаат љубовта со брак, тие се одличен пример за среќен пар кој не дозволува возрасната разлика, работните обврски и проблемите од секојдневието да застанат помеѓу нив.

mu-go-spasila-zhivotot-se-vljubil-vo-nea-dodeka-beshe-so-druga-zhena-ljubovnata-prikazna-na-antonio-banderas-i-20-godini-pomladata-devojka-10.jpg

Повеќе фотки од парот на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Џастин Бибер е мизерен со Хејли додека го очекуваат првото дете: „Очаен е, му ги троши парите и го к... „Хејли троши многу пари. Постојано патува со приватни авиони. Еднаш дури и отиде...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg