Гените се чудо: Ќерката на Мила Јововиќ е 15-годишна синоока кукла од реалноста (фото)
- Детали
- недела, 13 ноември 2022
Таа ги има сините очи на мајка си и дозата мистика во изгледот, а гради успешна кариера како модел и актерка. Веќе има самата заработено 1.5 милиони долари.
Мила Јововиќ (45) има достојна наследничка, а тоа е нејзината 15-годишна ќерка Евер Андерсон, која работи како модел и актерка и гордо чекори по стапките на мајка си.
Таа веќе сама има заработено 1.5 милиони долари од нејзините филмски појавувања.
Најпозната е по улогата во филмот „Black Widow“, а има најави дека ќе биде дел и од филмот „Peter Pan & Wendy“, кој ќе доживее премиера во 2023 година.
Родена е на 3-ти ноември 2007 година во Лос Анџелес и зборува 5 јазици.
Мила Јововиќ се појавува на настани со неа и вели дека е горда што нејзината ќерка пораснала во така интелигентна, самосвесна и забавна личност со огромно срце.
Мила Јововиќ има уште две помали деца.
Мила Јововиќ и нејзината наследничка Евер Андерсон:
https://www.instagram.com/p/CkgRzDnrCVP/
https://www.instagram.com/p/Cj7toRvIQG1/
https://www.instagram.com/p/CjIs-3Jr2uy/