Били Ајлиш и дечко ѝ покриени со Gucci ќебе, Кендал Џенер полугола – Фотки од црвениот тепих на LACMA annual Art + Film Gala
- Детали
- понеделник, 07 ноември 2022
Сите се појавија во луксузни тоалети, а Били Ајлиш и нејзиниот нов дечко Џеси Рутерфорд за првпат прошетаа заедно на црвениот тепих во пижами и замотани во Gucci ќебе на LACMA annual Art + Film Gala.
На 11-тата по ред гала вечер во Музејот на Лос Анџелес прошетаа голем број познати личности меѓу кои сестрите Кардашијан-Џенер, Оливија Вајлд, Елтон Џон, Сaлма Хајек и минатогодишните победници на Евровизија, Манескин.
Додека за познатите личности настаните со црвен тепих се можност да се појават облечени во луксузни изданија и тоалети, секогаш постојат некои што се издвојуваат од останатите.
Па така и на LACMA annual Art + Film Gala голем број од познатите ја искористија можноста да прошетаат во елегантни тоалети со потписот на некои од најпознатите модни дизајнери, а други пак, покажаа дека комфорот им е најважен, па дури и кога одат на ваков луксузен настан.
Од присутните на настанот, внимание привлече Кендал Џенер која се појави во проѕирна тоалета, Парис Хилтон пак, се појави заедно со нејзиниот сопруг Картер Реум, а секако Били Ајлиш успеа во целост да го украде вниманието откако со нејзиниот нов дечко прошетаа во аутфити што наликуваа на пижами и папучи и се фотографираа замотани во ќебе.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело