Тестовите за допинг ги поминувал со лажен пенис, првата сопруга го изневерила со Бред Пит – Факти за Мајк Тајсон
-->
Мајк е познат по тоа што неконтролирано ги трошел парите за време на целата кариера. Се верува дека само за автомобили потрошил над 6,3 милиони долари, 4 милиони за имот во Конектикат. А во 1990-тата година купил три бенгалски тигри како миленици. Кога банкротирал во 2003-та година било забележано дека должел околу 8.100 долари наменети за грижата за нив.
Во една прилика Мајк откри дека еден од неговите тигри нападнал жена што случајно влегла на неговиот имот. На крај морал да плати отштета во износ од 250.000 долари.
Неговата фасцинација со животните оди дотаму што, во една прилика кога шетал низ зоолошка градина забележал дека еден горила ги малтретира другите во кафезот, па му понудил на чуварот 10.000 долари за да влезе и да го научи на памет.
-->
Познато е дека Мајк е голем обожавател на гулаби. Уште како тинејџер чувал гулаби и првата борба ја имал кога еден сосед се обидел да му украде една од птиците во неговата дневна соба.
Во својата автобиографија Тајсон признава дека првпат пробал опојни супстанци (кокаин) кога имал само 11 години, а за време на сите мечеви бил под дејство на опојни супстанци. Како што вели, имал начин со лажен пенис да ги помине сите тестови за дрога. Во овој лажен пенис ставал чиста урина од некој друг и истата ја приложувал на тестовите.
Во 2009-та година тој претепа повеќе проститутки додека бил под дејство на опојни супстанци. Како што вели, почнал да се плаши дека тие ќе го ограбат, по што почнал да ги тепа. Според него, ова е моментот кога одлучил дека итно му е потребна рехабилитација од дроги.
Истата година тој се пријавува во центар за рехабилитација од зависности од опојни супстанци и останува таму речиси цела година. По ова започнува со вегански начин на исхрана и до ден денешен успева да остане трезен.
-->
-->
Во последните неколку години се има појавено во повеќе филмови, започна повеќе свои бизниси, има свој поткаст, па дури беше и приватен тренер за бокс на Серена Вилијамс. Благодарение на ова, Мајкл денес повторно има богатство од околу 10 милиони долари.
-->
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година
Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството
И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак
Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот?
Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс – Богати личности кои живеат во (релативно) скромни домови, и покрај м...
Милијардерот Ворен Бафет е еден од најбогатите луѓе во светот и иако поседува мн...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година
Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...
-->