Меган Фокс им забранува телевизија – Познати личности чии деца мораат да следат чудни правила
Гвинет Палтроу
Гвинет има две деца од врската со Крис Мартин и откри дека кога биле мали се бањала со нив.
Исто така, таа им забранувала на децата да гледаат телевизија на мајчин јазик (англиски), туку можеле само на шпански или француски.
Џенифер Гарнер
Џенифер Гарнер и Бен Афлек имаат три деца од нивниот брак, а актерката за себе вели дека е многу строга мајка.
Таа ги одбива скоро сите нивни желби и вели дека има толку многу правила за нив, што понекогаш децата ја нарекувале „змеј“.
Сепак, актерката вели дека во еден ден од годината децата можат да побараат што и да сакаат, а таа ќе им го дозволи.
Гордон Ремзи
Познатиот готвач и поранешната сопруга имаат пет деца, а Ремзи сака да ги научи на скромност.
Поради ова, и покрај тоа што неговото богатство изнесува над 200 милиони долари, тој не им дозволува на децата да летаат со прва класа во авион, а уште помалку со приватен авион.
Мадона
Пејачката има вкупно шест деца – две биолошки и четири посвоени – и вели дека отсекогаш била строга мајка.
Имено, кога биле мали, таа не им дозволувала да гледаат телевизија, да читаат весници или да јадат сладолед.
Еднаш, пак, ја натерала ќерката Лурдес со денови да ја носи истата облека бидејќи не сакала да си го среди нередот во детската соба.
Спирова С. | Црнобело