Шакира со трогателни фотки и видеа од болница - му ги бакнува нозете на болниот татко (91), мајка ѝ ѝ е поддршка
- Детали
- среда, 02 ноември 2022
Шакира ги живее најтешките денови по разделбата со Жерар Пике, на кој дури му посвети и песна во чиј спот маж гази врз женско срце... Дополнително на тоа таа ги минува деновите со татка си во болница и докажува колку е голема љубовта на ќерките.
По разделбата со Жерар Пике, Шакира минува низ навистина тежок период. Додека таа се обидува да го преболи, тој веќе се шета со новата девојка.
За ситуацијата да биде уште полоша, таткото на Шакира се соочува со низа здравствени проблеми, а пејачката постојано е во болница и заедно со мајка ѝ му е најголема поддршка.
Таа ги држи неговите нозе, вежба со него, а во еден миг дури и му ги бакнува стапалата, потег што докажува колку е голема љубовта на ќерките кон нивните таковци.
Шакира сподели и емотивна фотографија на која мајка ѝ го бакнува татко ѝ, а во описот напиша: „Вистинска љубов“.
Пејачката ги замоли медиумите да не погодуваат за каков здравствен проблем станува збор и дека наскоро ќе излезе со соопштение за неговата состојба.
Нејзиниот татко Вилијам има 91 година и моментално престојува во болница во Барселона.
Жерар Пике изјави дека отишол во болница да го посети Вилијам затоа што тие сепак сè уште се семејство.
Сепак, по разделбата со Пике, Шакира објави песна, најверојатно посветена за разочараноста од Пике. Во еден кадар од спотот за песната „Monotonía“ маж гази врз женско срце.
Слушнете ја песната „Monotonía“:
С. С. | Црнобело