Бредли Купер и Ирина Шајк се неразделни на настани и прошетки со ќеркичката – дали актерот овојпат е подготвен на брак?
- Детали
- четврток, 03 ноември 2022
„Врската со асистентката на Хилари Клинтон, Хума Абедин била само минлива авантура, Бредли Купер планира да ѝ даде втора шанса на врската со Ирина Шајк“ – пишуваат странските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до парот, откако тие двајца се појавија заедно на моден настан.
Бредли Купер (47) и Ирина Шајк (36) се разделија во 2019-та година по гласините за наводната афера на актерот со Лејди Гага, но и заради тоа што тој немал доволно време за врска, а сега, 3 години подоцна сѐ погласни се пишувањата дека парот ѝ дава нова шанса на врската.
Дополнително, Бредли и Ирина се појавуваат заедно многу често, па дополнително ги подгреajа гласините дека се помириле откако пред неколку дена заедно се појавија на моден настан, исто како што тоа го правеа во минатото додека беа во врска.
Минатото лето парот беше заедно на одмор, а често се фотографирани како заедно ја шетаат 5 -годишната ќеркичка Леа.
Последен пат беа фотографирани како ја шетаат Леа маскирана како мало ѓаволче низ улиците на Њујорк, а папараците успеаја да ја „уловат“ и насмевката на лицето на Ирина.
Светските медиуми повикувајќи се на сопствени извори, веќе пишуваат дека парот по заедничкиот одмор размислува повторно да почне заеднички живот и да добие уште едно дете.
Од друга страна, иако пред извесно време се шпекулираше дека Бредли Купер е во врска со некогашната асистентка на Хилари Клинтон, Хума Абедин, сега Daily Mail пишува дека врската со неа била само минлива авантура.
Прочитајте и Била невина до 33 години, Бил Клинтон ја венчал со првиот сопруг – Факти за новата девојка на Бредли Купер
Инаку, за потсетување, Ирина и Бредли беа заедно од 2015-та година, во 2017-та ја добија ќеркичката Леа, а во 2019-та година официјално се разделија.
Наводно, причината за разделбата била таа што Ирина сакала да стапат во брак, а Бредли во тој период бил сконцентриран само на кариерата и сметал дека нема време за таква обврска.
Дали овојпат актерот е подготвен да премине на следниот чекор?
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело