Колку се променија насмевките на познатите личности oткако направија корекција на забите?
- Детали
- недела, 06 ноември 2022
Знаевте ли дека Анџелина Џоли носеше протеза во младоста? Кои други познати личности носеа протези и колку се промени нивниот изглед откако си ги средија забите со корекции?
Насмевката е една од карактеристиките што ги забележуваме меѓу првите. А, изгледот на нашите заби има големо влијание врз нашиот целокупен изглед.
Не секој има среќа да се роди со прави и совршени заби, но денес ни се достапни бројни третмани за исправување, избелување и средување на забите.
Ниту познатите личности не се раѓаат со совршени заби, па голем дел од нив носеа протези. Некои направија и други корекции на забите, па нивите насмевки изгледаат многу поразлично отколку порано.