Танцува со неа, ја учи да брои – Џанлука Ваки ѝ го прослави 2-иот роденден на ќеркичката со огномет и сподели интимни семејни моменти (видео)
- Детали
- недела, 30 октомври 2022
Најзабавниот пар, Џанлука Ваки и Шерон Фонсека, го прославија роденденот на нивната ќеркичка со раскошна детска забава со многу активности за деца и забавен парк само за нив во природа, која заврши со огномет и споделија моменти од нивното секојдневие – од интимни моменти за време на породувањето до сега.
Италијанскиот заводник Џанлука Ваки и неговата партнерка Шерон Фонсека уживаат во семејниот живот со нивната ќеркичка и честопати знаат да споделат дел од нивните забавни активности и танцови.
Сега, по повод 2-иот роденден на нивната ќеркичка Блу Јерусалема, двајцата објавија емотивни видеа од прекрасни моменти поминати со неа.
Шерон сподели интимни моменти од породувањето, заеднички игри во природа и дома, а Џанлука уште еднаш покажа дека е посветен татко со видеата на кои ја учи Јерусалема да танцува, плива со неа, прави склекови додека е таа врз него и ужива во секој момент со неа.
Но, тоа не е сѐ, официјалната роденденска прослава на 2-годишната ќеркичка беше во природа, со многу активности за деца и со цел забавен парк само за нив.
Славеничката и дечињата кои го славеа нејзиниот роденден, имале можност да уживаат во многу различни активности со балони, меурчиња, рачни изработки и забавни претстави, а забавата заврши со огномет.
Сите декорации и активности од роденденот, може да ги погледнете на Инстаграм Стори кај Шерон Фонсека - ТУКА.
М. М. | Црнобело