Му зема 45 милиони долари за да му даде развод, ја обвинуваат дека е лоша мајка – Која е првата сопруга на Мајкл Даглас?
-->
Во 2011-та година Диандра излезе во медиумите со кратка изјава за бракот со познатиот актер и рече:
„Го сакав Мајкл многу кога се омажив за него. Не верувам дека љубовта некогаш може да исчезне. Може да се промени, но не верувам дека омразата е вистинскиот рецепт за тоа“.
По разводот со Мајкл, Диандра беше во врска со бизнисменот Зак Хемптон Бејкон Трети со кого ги доби близнаците Хадсон и Хок и со кого имаше битка за старателство, а во 2005-та година кратко време беше во брак со Мајкл Клајн.
-->
Во 2013-та актерот првпат искрено прозборе за разводот со првата сопруга па рече:
„Ми требаше премногу долго за да сфатам дека ако одите кај брачен советник за да ги решите проблемите, тогаш во негов интерес е бракот да продолжи.
Затоа што ако ставам крај на бракот тој ќе остане без работа... Мислам дека Диандра ќе го каже истото. Единствено жалам за тоа“ – рече тој и додаде дека најверојатно бракот требало да заврши 8 или 10 години порано.
По разводот ја обвинуваа дека е премногу алчна затоа што бара дополнителни пари од Мајкл Даглас, а откако нивниот син доби затворска казна заради користење опојни супстанци, таа се соочи и со осудувања дека е лоша мајка.
Според договорот за развод, Мајкл и неговата поранешна сопруга го делеа домот во Мајорка, Шпанија и секој од нив имаше право да престојува во луксузниот имот по 6 месеци. Во 2021-ва година актерот рече дека било мошне неудобно да го делат домот, заради што таа година одлучиле да го откупат во целост.
-->
-->
Денес Диандра многу ретко се појавува во јавноста и во таблоидите освен кога продава некој од нејзините луксузни имоти. Така годинава се најде во американските медиуми откако го продаде станот во Њујорк за 17,5 милиони долари.
-->
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година
Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат...
„Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот?
Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ...
„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со...
Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
-->