Канје Вест (45) се бакнува со новата девојка (24) - извори тврдат дека ја користи за да го одвлече вниманието од скандалите (фото)
- Детали
- четврток, 20 октомври 2022
Според изворите, Канје Вест конечно се согласил да ги потпише документите за развод, речиси две години откако Ким Кардашијан поднесе барање. Во меѓувреме, раперот речиси постојано излегува со новата 24-годишна девојка, која наводно ја користи за да го одвлече вниманието од неговото скандалозно однесување.
Канје Вест има нова девојка, со која е фотографиран неколкупати, а сега папараците го уловија парот и како се бакнува.
45-годишниот Канје и 24-годишната Џулијана Налу беа забележани и пред италијански ресторан во Беверли Хилс, а младата девојка држеше две рози во рацете.
И раперот и младата девојка носеа облека од брендот на Канје.
Првите гласини за врската на Канје и Џулијана се појавија на почетокот од октомври и оттогаш неколкупати беа забележани заедно во јавност.
Според извори на Page Six, Канје ја користи врската со Џулијана за да го сврти вниманието на јавноста од неговото скандалозно однесување изминатиов период.
„Канје пробува да ги удави скандалите со нешто ново. Новата девојка – или што и да е следно – е обид да ги натера луѓето да заборават“.
За потсетување, периодов Канје ја разгневи јавноста со неговите бројни расистички изјави. Раперот дури доби и забрана за пристап на неговите профили од Твитер и Инстаграм поради ова.
Најмногу внимание привлече неговата изјава со која им посакува смрт на евреите, а дополнително ја разгневи јавноста откако сподели дека воопшто не жали за неговите зборови.
Поради бројните скандали, пријатели блиски до раперот изјавија дека се плашат дека тој повторно ќе биде хоспитализиран, како и дека неговото ментално здравје е многу влошено – раперот има биполарно нарушување.
Истовремено, Канје го влоши и онака заладениот однос со Ким Кардашијан бидејќи јавно зборуваше за нивните брачни проблеми.
Според изворите на TMZ, ријалити ѕвездата повеќе не е во никаков контакт со Канје, а кога станува збор за нивите деца, комуницираат преку личните асистенти.
Ким поднесе барање за развод во февруари 2021 година, а досега раперот не сакаше да го финализира.
Сепак, некои извори тврдат дека Канје конечно се согласил да ги потпише документите и сега останува со Ким да се договорат за старателството над нивните деца.
Новата девојка на Канје е родена во Бразил, а не е познато кога се преселила во САД. Се претпоставува дека со Канје се запознале преку неговиот бренд Yeezy – Џулијана е модел и на Инстаграм Стори има споделено неколку фотографии со облека од брендот.
Периодов многу познати личности кои се блиски до Канје почнаа да се оддалечуваат од раперот поради неговото однесување, но веројатно раперот ја има поддршката на Џулијана.
По разделбата со Ким, Канје имаше кратка врска со Џулија Фокс, како и Ирина Шајк.