Џеј Ло, Сандра Булок, Ребел Вилсон - Познати личности кои јавно лажеа за годините (и како беа откриени)
Ребел Вилсон (42)
Во 2018-та година сите веруваа дека Ребел Вилсон има 28 години, сѐ додека една поранешна соученичка не објави фотографија од средното образование и не докажа дека актерката има 36 години.
Нели (47)
Во 2003-та година беше толку многу популарен што дури ја доби наградата Најпознати личности под 25 години на Teen People и сѐ ќе беше во ред да не се дознаеше дека актерот всушност има 28 години.
Гери Халивел (50)
Дури ниту поранешните членки на бендот Spice Girls не знаат колку точно години има Гери. За неа се знае дека била највозрасна во бендот, а се верува дека во моментов има 50 години, но никој не може да потврди со сигурност.
Џенифер Лопез (53)
За неа велат дека со годините изгледа помладо, но беше докажано дека се обидувала да се претстави како една година помлада.
Така при испрашување во полиција за време на една престрелка во која било вклучено нејзиното поранешно момче Пи Диди, се дознало дека Џеј Ло е родена во 1969-та година, а не во 1970-та.
Еминем (50)
Во периодот кога беше на врвот на славата, во 1999-та година Еминем гостуваше во шоуто на Хауард Стерн и рече дека имал 24 години. Тогаш имал 27 години, а денес има 50 години.
Б. С. Б. | Црнобело