„Бев на премиерата во Скопје на филмот на Џулија Робертс и Џорџ Клуни - зошто фотките од нивната светска турнеја ми се позитива на денот?“
- Детали
- вторник, 18 октомври 2022
„Џулија Робертс и Џорџ Клуни ме телепортираa во едно поинакво време. Време кога на цена беше природната убавина и се блескаше со насмевка и природност, а не со нова доза на ботокс. Тие на црвениот тепих ми се позитива на денот! А нивниот нов филм? Топло го препорачувам.“
Пред неколку седмици бев на премиерата на новиот филм на Џулија Робертс (54) и Џорџ Клуни (61) „Ticket To Paradise“ во Скопје и не бев ништо помалку од воодушевена.
Почнувајќи од прекрасните жени од Македонија дотерани за на „ladies night“ со коктели и диџеј пред киното, па до прекрасниот филм кој не само што ме телепортираше на Бали, поради неверојатните сцени, туку и поради главните актери кои ме телепортираа во едно поинакво време.
Време кога на цена беше природната убавина и се блескаше со насмевка, а не со нова доза на ботокс.
Џулија Робертс дефинитивно ми е една од најубавите жени на светот, а Џорџ Клуни и тоа како со право го носи епитетот „сребрена лисица“.
Во улогите беа совршени и иако станува збор за лесна романтична комедија, тие и тоа како сериозно си ги сфатија улогите.
И од тој ден топло на сите им го препорачувам филмот „Ticket To Paradise“ за два часа лежерно уживање за сите сетила, а јас со задоволство си ги гледам фотките од секое гостување и премиера низ светот на Џулија и Џорџ затоа што дефинитивно блескаат.
Особено блеснаа на премиерата во Лос Анџелес, каде Џулија се појави во макси розов фустан со длабоко деколте, а Џорџ со сиво одело.
Тие во филмот глумат разведен пар и патуваат на Бали да ја спречат ќерка им да се омажи, а на крај пијат шотови и играат на подиум до рано наутро.
А во реалноста се врвни актери и пријатели, кои на црвениот тепих ни носат некоја природност, едноставност и блесок, за каква дефинитивно копнееме во последно време кога како да ни се сервираат само бизарности.
Повеќе фотографии од премиерата во Лос Анџелес:
С. С. | Црнобело