„Тој беше еден од најсмешните луѓе“ - Актерите од „Хари Потер“ се простуваат од Роби Колтрејн
- Детали
- петок, 14 октомври 2022
„Постојано трпам болки. Имав операција за испитување и открија дека немам ‘рскавица во едно од колената“ – со овие зборови актерот Роби Колтрејн ја опиша својата здравствена состојба уште во 2016-та година. Актерите од „Хари Потер“ неутешни по вестите за смртта на актерот што го играше Хагрид.
Сите ќе го помнат по улогата на Хагрид во филмовите „Хари Потер“, а светските медиуми ја објавуваат веста дека актерот Роби Колтрејн почина во 72-та година од животот.
Се знае дека актерот подолго време боледуваше, а во 2019-та година целосно се повлече од актерството заради здравствени причини. Се знае дека боледуваше од остеоартритис и во последниот период беше врзан за инвалидска количка.
Претходно во 2016-та година тој даде изјава за медиумите и рече дека лекарите му препорачале да ослаби и да оди на мошне тешка операција на коленото, затоа што речиси веќе немал ‘рскавица во коските на колената.
„Постојано трпам болки. Имам операција за испитување и открија дека немам ‘рскавица во едно од колената. Целосно се распаднала и ми велат дека е остеоартритис. Луѓето најверојатно се чудат зошто се тетеравам и ете го одговорот“ – рече тој.
Актерот имал операција на коленото, а се верува дека во последните две години неговата здравствена состојба била подобра. Сепак, денес (14.10.) неговиот агент ја информира јавноста дека актерот починал во болница, недалеку од неговиот дом во Шкотска.
По ова авторката на „Хари Потер“ и актерот што ја толкуваше главната улога во филмот упатија пораки со кои се простија од актерот што целиот свет ќе го помни по улогата на добриот волшебник Хагрид.
„Никогаш повеќе нема да познавам некој што беше приближно сличен како Роби. Тој беше неверојатно талентиран и имав неверојатна среќа да го познавам, да работам со него и да се смејам до солзи со него “ – напиша на Твитер авторката на книгите „Хари Потер“, Џ. К. Роулинг.
I'll never know anyone remotely like Robbie again. He was an incredible talent, a complete one off, and I was beyond fortunate to know him, work with him and laugh my head off with him. I send my love and deepest condolences to his family, above all his children. pic.twitter.com/tzpln8hD9z
— J.K. Rowling (@jk_rowling) October 14, 2022
„Роби беше еден од најсмешните луѓе што некогаш сум ги запознал и постојано нè засмеваше на снимањето. Имам прекрасни сеќавања на него како не бодреше додека го снимавме „Затвореникот од Азкабан“ и кога сите се криевме со часови од поројниот дожд под наметката на Хагрид, а тој ни кажуваше шеги и приказни за да нè охрабри.
Бев мошне среќен што го запознав и работев со него и мошне сум тажен заради неговото заминување. Тој беше неверојатен актер и прекрасен човек “ – рече Даниел Редклиф, актерот кој го играше Хари Потер.
Б. С. Б. | Црнобело