Бизарни диети и трикови на познатите за здравје и слабеење – зошто не треба да ги пробувате?
Јадење глина
Актерката Шејлин Вудли вели дека секое утро пие чаша вода со половина лажица глина.
Актерката тврди дека „глината се сврзува со другите материи во телото и му помага да се ослободи од штетните токсини“.
Ова, секако, не е точно. Ние имаме органи за филтрирање на штетните токсини – бубрезите – на кои не им треба помош од глина.
Во глината може да има некои минерали, како калциум, но лесно можете да ги внесете и без неа, односно со храна.
Пиење вода против изгореници од сонце
Рагбистот Том Брејди вели дека избегнува одредена храна, како домати и модри домати бидејќи ја зголемуваат рН вредноста на телото.
Во реалноста, воздржувањето од некоја храна не може да ја промени рН вредноста на телото.
Најпрво, разни органи имаат различна рН вредност. На пример, крвта е малку алкална, со рН вредност помеѓу 7,35 и 7,45. Желудникот од друга страна е кисел, со рН вредност од 3,5 или помалку.
Нашето тело работи напорно за да ги одржува овие нивоа и диетата нема да ги промени.
Исто така, Том вели дека пие многу вода за да се заштити од изгореници од сонце. Веројатно не треба да објаснуваме зошто ова не е воопшто точно.
Бизарниот начин на исхрана на Карл Лагерфелд
Познатиот дизајнер пиел по 10 лименки диетална Coca-Cola дневно и драстично го ограничувал бројот на калории.
Тој внесувал едвај 1.200 калории дневно, додека минималното препорачано количество за мажи е помеѓу 2.000 - 2.5000
Ова значи дека Карл постојано бил гладен.
Пиењето големи количества на овој пијалак, пак, може да има ефект како да сте испиле многу кафе.
Диета со спиење
Елвис Присли ја следел диетата позната како „Заспаната убавица“.
Но, ова не е начин на исхрана – музичарот едноставно спиел по најмалку десет часа дневно за да не јаде.
Иако сонот е важен, спиењето од 10 часа и повеќе има свои последици – може да ја наруши работата на метаболизмот, да ја намали мускулната маса и да предизвика проблеми со менталното здравје.
Спирова С. | Црнобело