Бизарни диети и трикови на познатите за здравје и слабеење – зошто не треба да ги пробувате?
- Детали
- петок, 14 октомври 2022
Елвис Присли спиел по 10 часа и повеќе за да ослаби, а рагбистот Том Брејди вели дека пие многу вода за да се заштити од изгореници од сонце – кои се најбизарните диети и трикови што ги имаат споделено славните?
Славните личности навистина се подготвени на сè кога станува збор за нивниот изглед. Некои преземаат и драстични мерки мислејќи дека ќе си го подобрат здравјето.
Па, низ годините сме слушнале за многу диети и трикови од познатите кои наводно го поттикнуваат слабеењето, ја регулираат киселоста на телото и што уште не.
Но, дали се воопшто ефикасни и, поважно, колку се здрави?
Јадење само месо
Џо Роган откри дека во 2022 година почнал да држи диета која вклучувала само јадење месо и мало количество овошје.
Бидејќи Џо Роган е мошне популарен во САД, успеа да ја прослави бизарната диета. Оние, пак, кои ја пробале тврдат дека јадењето само месо го поттикнува слабеењето, го подобрува расположението, па дури и може да ги излечи автоимуните болести.
Експертите велат дека јадењето месо е добро за здравјето, но јадењето само месо, без никаков зеленчук и други видови храна, може да предизвика проблеми.
Месото не ги содржи сите хранливи материи што му се потребни на човекот и иако се потребни дополнителни истражувања за долгорочниот ефект на овој начин на исхрана, јасно е дека ќе има свои последици.
Диетата на Ким Кардашијан за Мет галата
Веќе сите слушнавме за екстремната диета на Ким Кардашијан. Ријалити ѕвездата не внесувала воопшто јаглехидрати и јадела само овошје и „чист протеин“.
Таа драстично ослабе за многу краток период, а самото ова кажува дека нејзината диета не е воопшто добра.
Според експертите, најздраво е ако се слабее околу половина, најмногу еден килограм неделно.
Во спротивно, ќе се појави таканаречениот јо-јо ефект, односно килограмите ќе се вратат.
Истовремено, јаглехидратите му се потребни на организмот, па целосното откажување од нив може да предизвика проблеми со здравјето.
Диета со жив црн дроб
Американската ријалити ѕвезда Хајди Монтаг откри дека јадела црн дроб, но жив.
Таа смета дека луѓето треба да јадат живо месо, како и дека ова можело да ја подобри плодноста.
Иако живото месо можеби има корисни хранливи материи, на него може да има и штетни патогени, како ешерихија коли, листерија и салмонела. Живото месо може да има и паразити.
Што значи, ако јадете живо месо, постои ризик да добиете труење.
Методот за слабеење на Ребел Вилсон
Експертите имаат поделено мислење за методот што наводно го следела Ребел Вилсон.
Според методот, луѓето треба да уживаат во храната и да ја јадат бавно - секој залак да го џвакаат по 40 пати.
Исто така, овој начин на исхрана не дозволува кофеин, шеќер и млечни производи. Забранети се и мали ужинки, како и јадење сирова храна пред 16 часот.
Додека експертите веруваат дека треба да јадеме побавно, не е докажано дека треба да ја џвакаме храната 40 пати.
И поголемиот дел од другите ограничувања, како избегнувањето сирова храна пред 16 часот, не се поткрепени со апсолутно никакви докази.