Беше сексуално малтретиран од маж, па заврши на „црната листа“ во Холивуд – Факти за Брендан Фрејзер
- Детали
- сабота, 15 октомври 2022
„Со левата рака ме зграпчи за задникот и со еден од прстите ме допре во пределот меѓу задникот и половот орган и го движеше прстот“ – со овие зборови актерот Брендан Фрејзер го опиша сексуалниот напад од страна на влијателен маж во Холивуд заради што бил ставен на „црната листа.“
Со солзи во очите холивудскиот актер годинава ги пречека 6-минутните стоечки овации на филмскиот фестивал во Венеција каде премиерно беше прикажан неговиот последен филм The Whale.
https://twitter.com/sassyinblack/status/1566730154075820033
Веќе се шпекулира дека оваа улога може да му донесе Оскар, а дополнително за Брендан ова беше еден мошне важен момент, откако речиси 20 години паузираше со актерската кариера.
На почетокот на 2000-тите години Брендан Фрејзер беше еден од најпознатите холивудски актери, благодарение на улогите во филмот „Џорџ од џунглата“, „Мумија“, како и многу други успешни филмски проекти, се чинеше дека актерот е на врвот на славата сѐ до 2008-мата година кога ненадејно исчезна.
Во продолжение повеќе интересни факти за актерот, како и причините заради кои се повлече од сцената:
Во интервју за магазинот GQ во 2018-та година Брендан излезе и јавно кажа дека во 2003-та година бил сексуално нападнат од Филип Берк, поранешниот претседател на Hollywood Foreign Press Association, организацијата што ги доделува наградите „Златен Глобус“ и дека сексуалниот напад бил една од причините зошто тој одлучил да се повлече од јавноста.
„Со левата рака ме зграпчи за задникот и со еден од прстите ме допре во пределот меѓу задникот и половот орган и го движеше прстот. Ми се слоши. Се чувствував како мало дете. Се чувствував како да имам кнедла во грлото. Сакав да заплачам. Се обвинував себеси“ – рече актерот.
Според Брендан, по овој настан тој бил ставен на „црната листа“ на Холивуд, не добивал значајни улоги, а ниту еднаш не бил поканет да учествува на доделувањето на наградата „Златен глобус“.
По изјавите во магазинот, јавноста се крена на нозе, па Филип Берк му упати писмено извинување на актерот, но јавно рече дека и дека приказните на Брендан се измислици.
„Со извинувањето не признав дека сум го нападнал. Тоа беше вообичаеното: ‘ако сум направил нешто да ти ги повредам чувствата, немав намера и се извинувам’“ – рече Берк.
За време на снимањето на филмот „Мумија“, Брендан сам ги изведувал сите каскадерски движења, а тоа оставило големи последици врз неговото здравје. Актерот имал повеќе операции на ‘рбетот за да се справи со последиците од повредите со кои се здобил за време на снимањето на филмовите.
„Во периодот кога го снимав „Мумија“ во Кина, во 2008-ма година бев целиот залепен со фластери и мраз“ – вели тој и додава дека за време на снимањето користеле тенки кеси мраз кои можеле лесно да се скријат под облеката за време на снимањето.
По ова следел драстичен пад во кариерата, Брендан почнал да губи пари, бил ставен на црната листа на Холивуд, по што се развел со сопругата Афтон Смит, со која има три деца.
Најсатриот син на Брендан, Грифин е аутистичен и затоа неговата поранешна сопруга е јавно вклучена во поткренување на свеста за поголема вклученост на децата со аутизам.
По големиот број проблеми, актерот повторно се врати на филмската сцена во 2018-та година, а во 2021-ва веќе беше најавено дека ќе ја игра главната улога во филмот The Whale. Дали оваа улога ќе му донесе Оскар останува да видиме.
Б. С. Б. | Црнобело