„Тоа не е неодоливо, се гледа дека е очајна за внимание“ - Коментарите за смелиот аутфит на Лизо, откако ослабе 22kg
- Детали
- понеделник, 03 октомври 2022
„Ја критикувате Ким Кардашијан затоа што ослабе, а велите дека жената што промовира нездрава дебелина е ‘прекрасна’“ – реакции на социјалните мрежи за написите во кои се тврди дека пејачката Лизо во комбинезон со неонски жолти детали изгледа неодоливо.
Пејачката Лизо (34) настапи во Madison Square Garden во Њујорк, во рамки на турнејата низ САД. Како и многупати досега, пејачката го привлече вниманието на светската јавност заради модниот избор.
Имено, пејачката која претходно беше пример за ширење на позитивниот пристап кон телото, во последните неколку години редовно споделува информации за тоа како се обидува да ослаби.
Лизо беше особено горда затоа што беше првата плус сајз жена со афро-американско потекло која се појави на насловната страна на Vogue и велеше дека главна цел ѝ е да го „нормализира“ сопствениот изглед, за потоа да почне редовно да споделува објави за здрав живот.
Таа споделуваше рецепт за смути за прочистување на телото, познато е дека почна да се придржува до вегански начин на исхрана, а се смета дека на почетокот на кариерата тежела околу 140 килограми, а сега има околу 118 килограми.
По последниот настап на Лизо во Њујорк, каде е облечена во неоски жолт комбинезот, дел од светските таблоиди објавија дека таа изгледа неодоливо.
Сепак, некои од твитерџиите не го делат мислењето за изгледот на популарната пејачка, па побрзаа да коментираат дека нејзиниот изглед воопшто не им се допаѓа.
„Тоа не е е неодоливо“, „Зошто ова би изгледало неодоливо. Таа е во целост вулгарна и се гордее со вниманието што го привлекува“, „Чекајте малку, ме збунивте. Ја критикувавте Ким Кардашијан затоа што дава лош пример со тоа што е слаба, но жените со нездрава дебелина за вас се ‘прекрасни’“ – стои во дел од твитовите.
Lizzo stuns in a glittery neon yellow nude illusion bodysuit https://t.co/Rli1bRFULi
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) October 3, 2022
Погледнете уште неколку фотографии од настапот на Лизо во Њујорк:
Б. С. Б. | Црнобело