Амбер Херд без шминка со ќерката Уна во Шпанија, по обвинувањата дека воопшто нема дете (фото)
- Детали
- понеделник, 03 октомври 2022
По гласините дека изнајмува деца за да се преправа дека е мајка, Амбер Херд беше забележана во Палма де Мајорка со ќерката Уна. Во меѓувреме, таа очајно бара начин да му ги плати 8-те милиони долари што му ги должи на Џони Деп бидејќи, според изворите, нејзиното „богатство“ сега изнесува -6 милиони долари.
Деновиве Амбер Херд е во Шпанија, каде што беше забележана со нејзината ќерка Уна.
Актерката беше без грам шминка, а носеше лежерна комбинација – бели панталони, црна маичка и влечки. Косата ѝ беше во неуредно издание.
Амбер изгледаше одлично расположена додека си играше со малото девојче.
Пред помалку од еден месец, Амбер ги разгори шпекулациите дека всушснот воопшто нема дете.
На почетокот од септември таа беше фотографирана со празна количка, по што твитерџиите почнаа да ја напаѓаат дека се осмелува да лаже дека е мајка.
Некои одат дотаму што истакнуваат дека Амбер изнајмувала деца за да се фотографира со нив со цел да лаже дека е мајка.
Ќерката на Амбер, чие целосно име е Уна Пејџ Херд, се роди на 8-ми април 2021 година. Актерката откри дека ја добила со сурогат мајка бидејќи не можела да остане бремена.
Но, некои извори тврдат дека Уна е посвоена и не е биолошко дете на актерката.
Амбер нема откриено кој е таткото на Уна, но постојат гласини дека тоа е милијардерот Илон Маск.
Според гласините, Амбер и Илон имале афера додека траеше бракот на актерката и Џони Деп. Истовремено, тие наводно биле пар откако Амбер и Џони Деп се разделија.
Амбер добива да каже кој е таткото на детето и истакнува дека е горда што таа е единствениот родител.
Во меѓувреме, иако изгледа дека се забавува на одморот во Шпанија, Амбер пробува да најде пари – околу 8 милиони долари – кои мора да му ги исплати на Џони Деп.
Наводно, таа барала пари од осигурителни компании и е во мошне неповолна положба поради парите што му ги должи на актерот, но и бидејќи потроши огромни суми на адвокати додека траеше судењето.
Во тужбата, Амбер Херд бараше дури 100 милиони долари од Џони Деп. Од овие пари успеа да добие 2 милиона, но судијата одлучи дека таа треба да му даде 10 милиони на актерот.
Според веб-сајтот Celebrity Net Worth, моментално Амбер нема воопшто пари и е во минус, односно нејзиното „богатство“ изнесува 6 милиони долари.
Погледнете и: „Изнајмува бебиња за да лаже дека има ќерка“ – Амбер Херд мета на критики откако беше фотографирана со празна количка
Амбер и ќерката Уна во Шпанија:
Спирова С. | Црнобело