„Изнајмува бебиња за да лаже дека има ќерка“ – Амбер Херд мета на критики откако беше фотографирана со празна количка

„Сигурно изнајмува бебиња за да се слика, а турка празна количка за да предизвика сожалување“ – на социјалните мрежи се шират нови теории на заговор против Амбер Херд откако беше фотографирана со празна бебешка количка.

iznajmuva-bebinja-za-da-lazhe-deka-ima-kjerka-amber-herd-meta-na-kritiki-otkako-beshe-fotografirana-so-prazna-kolichka-01.jpg

По скандалозното судење со поранешниот сопруг Џони Деп, каде беше докажано дека таа извршила клевета и треба да му исплати милионска отштета, актерката Амбер Херд беше фотографирана додека беше на одмор во Израел.

Но, најголемо внимание привлече заради празната бебешка количка.

Инаку, Амбер Херд откри дека стана мајка со помош на сурогат во јули 2021-ва година. Засега не открива кој е татко на 2-годишната Уна Пејџ, но многумина шпекулираат дека е многу веројатно тоа да е ексцентричниот милијардер Илон Маск.

iznajmuva-bebinja-za-da-lazhe-deka-ima-kjerka-amber-herd-meta-na-kritiki-otkako-beshe-fotografirana-so-prazna-kolichka-02.jpg

Твитерџиите не можат да ѝ простат за тоа што лажеше за донирањето пари по разводот со Џони, па сега постојано се поставуваат нови прашања за што уште лажела актерката. Додека едни цврсто стојат на нејзина страна и ја бранат, за други таа лаже и дека има ќерка.

iznajmuva-bebinja-za-da-lazhe-deka-ima-kjerka-amber-herd-meta-na-kritiki-otkako-beshe-fotografirana-so-prazna-kolichka-04.jpg

Амбер Херд (36) во август беше забележана како се шета низ Тел Авив, каде беше заедно со нејзината пријателка Ив Барлоу, а фотката на која се гледа дека таа турка празна количка за бебиња стана вистински хит на социјалните мрежи, па сега ја обвинуваат дека лаже дека воопшто станала мајка, како што претходно тврдеше.

iznajmuva-bebinja-za-da-lazhe-deka-ima-kjerka-amber-herd-meta-na-kritiki-otkako-beshe-fotografirana-so-prazna-kolichka-03.jpg

За време на судењето твитерџиите масовно се поделија, на оние што се на страната на Џони Деп и оние што се на страната на Амбер, а фотографијата со празната количка предизвика низа дискусии на Твитер.

„Можам да потврдам дека Амбер Херд нема бебе. Целата приказна за бебе со помош на сурогат мајка е целосна лага. Таа нема дете и изнајмува или позајмува деца за да се слика на Инстаграм, а ја турка количката за да предизвика сожалување. Лицата на бебето се сосема различни на сите фотографии“ – вели еден од поддржувачите на Џони на Твитер, кој тврди дека добил анинимен мејл од блиски извори.

Неговата објава предизвика голем број коментари.

„Станува јасно зошто луѓето ја гледаа како половина час турка празна количка...“

„Се надевам дека ова не е точно, за доброто на бебето (или за бебињата), самата дека дека можете да изнајмите бебе туку така е позастрашувачка од идејата дека си купила бебе“ – стои во друг коментар.

Сепак, има и други што сметаат дека ова се само теории на заговор и дека нема шанси Амбер да лажела пред судот дека навистина е мајка.

Освен што е топ-тема на Твитер, јутуберот Џозеф Морис направи видео посветено на најновите теории за Амбер Херд.

Погледнете го во продолжение:

Прочитајте и Одат во специјално училиште, мора да доживеат тешкотии: Чудни правила што децата на Илон Маск ги следат + дали ќерката на Амбер Херд е негова?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
„Таа е сè што јас не сум“ – Џони Деп ја возвишува мајката на неговите деца, додека се гледа со 33 го... „Срамота – таа е само две години постара од ќерка му!“ - Џони Деп е на удар на к...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg