Како Амбер Херд е виновна за пропаста на Кара Делевињ?
- Детали
- среда, 28 септември 2022
На фотографиите во последно време убавицата Кара Делевињ изгледа непрепознатливо - едвај стои на нозе и фановите заклучуваат дека очигледно ѝ е потребна помош. Таа има дијагноза биполарно растројство и депресија, но како љубовната врска со Амбер Херд ѝ беше капак на сè – милијардери, секс во тројка, дрога?
Кара Делевињ (30) беше еден од најплатените модели на светот, сè додека не почна да ги загрижува сите со својот изглед и скандалозно однесување, кои посочуваат на тоа дека минува низ тежок период.
Таа во повеќе пригоди во последно време е фотографирана во ужасно издание и изгледа како да е под дејство на опијати. Буквално, едвај стои на нозе и фановите заклучуваат дека очигледно ѝ е потребна помош.
Поради нејзината состојба биле загрижени и нејзиното семејство и пријатели, но британската манекенка наводно по секоја цена се обидува да избегне рехабилитација.
Кара веќе години наназад се бори и со биполарно растројство и депресија.
Неодамна таа говореше и дека е под огромен стрес и дека навистина има проблеми со менталното здравје.
Вели дека детството полно трауми од растење со мајка - зависник од хероин, ѝ било навистина тешко затоа што постојано живеела во страв, со токсични односи и често недостиг од мајчина љубов.
Таа вели дека кога наполнила 30 години, како да почнале уште посилно да ѝ се враќаат траумите од детството.
„Секој има нешто низ кое минува со своето семејство. Чувствувам дека мојот живот беше навистина стресен, имаше многу хаос и не бев сигурна дали некои луѓе се добри или не“
Но, сега во целата приказна се појави и едно добропознато име – Амбер Херд.
Во странските медиуми кружат гласини дека Кара била љубовница на Амбер за време на нејзиниот краток и бурен брак со Џони Деп, а за време на судскиот процес околу разводот на Амбер и Деп се споменуваше и секс во тројка на Илон Маск, Кара и Амбер, иако милијардерот повеќепати го негираше тоа.