„Никој не знаеше која е додека не се омажи за Бруклин“ - Викторија Бекам гневна што снаата сака да гради слава на нивна сметка
- Детали
- среда, 28 септември 2022
„Најинтересното нешто за Никола Пелц е тоа што се омажи за Бруклин Бекам“ – пишуваат британските медиуми и тврдат дека Викторија е гневна затоа што снаата се обидува да стекне слава на сметка на Бекамови.
Никола и Бруклин Пелц Бекам беа забележани како се шетаат фатени за рака низ Париз, на патување по повод модната недела.
Никола на себе носеше темни очила и кожен аутфит, а таа и нејзиниот сопруг изгледаа вљубени и среќни.
Претходно и мајката на Бруклин, Викторија, најави дека следната недела ќе биде во главниот град на Франција, но со оглед на тоа што односите меѓу снаата и свекрвата се мошне заладени, никој не очекува дека ќе имаат заедничка средба со голем број среќни семејни фотографии.
Медиумската војна меѓу Никола Пелц и Викторија Бекам трае со месеци. Младата актерка јавно зборува во сите медиуми дека Викторија ѝ се налутила заради изборот на венчаница на свадбата, а свекрвата пак, иако јавно не се огласува, извори блиски до неа јавно упатуваат пораки во медиумите.
Па така пред неколку денови, Никола тврдеше дека Викторија со денови не ѝ одговарала на телефон откако прво се понудила да ѝ ја дизајнира венчаницата.
„Се договоривме да почнеме да ја дизајнираме венчаницата и потоа поминаа неколку денови, а јас не слушнав ништо од неа. Викторија ѝ се јави на мајка ми и ѝ рече дека нејзиното ателје нема да стигне да ја заврши венчаницата“ – рече Никола во интервју за Grazia USA.
Бруклин, во овој случај застана на страната на својата сопруга и рече дека таа му е најважен приоритет и дека тој е 100 отсто зад неа.
Од друга страна, пак, британските медиуми тврдат дека Никола ги користи Бекамови за да стане славна.
Повикувајќи се на извори блиски до Бекамови, Daily Mail пишува дека Виктoрија е гневна затоа што актерката и богата наследничка шири „лажни приказни“ и намерно се обидува да го прошири наративот за наводна кавга во семејството наместо да се обиде да го смири.
„Најинтересното нешто за неа е тоа што се омажи за Бруклин Бекам“ – тврдат изворите за британските медиуми.
Според нив Дејвид и Викторија се обиделе да ги смират односите со синот и со снаата, но Никола сака да продолжи да ги шири лажните приказни за кавгата заради фустанот, затоа што на тој начин само стекнува поголема слава.
Прочитајте и Израснала во „хорор куќа“, Кендал Џенер ѝ го „земала“ бившиот - Факти за Никола Пелц, идната сопруга на Бруклин Бекам
Б. С. Б. | Црнобело