„Очекувам Адам Левин да ме контактира по оваа секси фотка“ - Пејачот хит на Твитер заради непристојните пораки
- Детали
- сабота, 24 септември 2022
„Згрешив затоа што флертував со други жени. Немав афера, но признавам дека ја преминав границата“ – рече Адам Левин за скандалот со неверството, а неговата изјава предизвика бурна дебата на социјалните мрежи. Дали флертувањето на социјалните мрежи е неверство?
Досега неколку жени објавија фотографии од пораките што Адам Левин им ги праќал на социјалните мрежи и со коишто флертувал со нив, откако инфлуенсерката Сара Стро (23) рече дека пејачот ѝ праќал флертувачки пораки, па дури ја прашал дали може нероденото дете да го крсти по неа.
Прочитајте и Адам Левин ја изневерувал бремената сопруга со 23-годишна девојка - сака да го крсти детето по неа, флертувал и со други жени
Иако голем број корисници на Твитер сочувствуваат со бремената сопруга на пејачот Бехати Принслу, најголемиот дел од нив се шегуваат на сметка на пораките што тој им ги праќал на девојките.
Фотографиите со пораките „Навистина е неверојатно колку си секси“, „Леле колку секси тело имаш“, „Твоето тело е апсурдно“, станаа хит мемиња на социјалните мрежи на кои се „лепат“ смешни фотографии и масовно се споделуваат.
New Adam Levine dms leaked. wow! pic.twitter.com/1Ij2gsKc6f
-->-->— saxoln on bluesky 🍉 (@looooooogaaaaan) September 21, 2022
„Очекувам Адам Левин да ме контактира по оваа фотографија“ - стои во еден твит.
https://twitter.com/_yamilexsalinas/status/1573134063745089538
Од друга страна, пак, не стивнуваат и дискусиите дали пораките пратени на социјалните мрежи може да се сметаат за неверство и дали навистина пејачот ја изневерил својата бремена сопруга само затоа што им праќал флертувачки пораки на девојките.
За потсетување, Адам самиот рече дека никогаш не ја изневерил сопругата, но призна дека разговарал со други жени на социјалните мрежи.
Дa погледнеме што мислат твитерџиите на оваа тема и дали според корисниците на Твитер пишувањето флертувачки пораки е изневерување:
„Се обложувам дека Адам Левин никогаш не верувал дека ќе биде вклучен во скандал со неверство и се обложувам дека не мислел дека пораките од тој скандал ќе станат хит меме за 2022-ра година“ – стои во еден твит.
I bet Adam Levine never thought he’d get caught up in a cheating scandal, but I bet he DEFINITELY didn’t think his DMs from said scandal would become the new 🔥meme of 2022.
— Justin Ward (@jward2306) September 22, 2022
„Адам Левин рече дека не изневерувал, но призна дека испраќал флертувачки пораки. Сопругот мора да биде верен на својата сопруга, да се грижи за нејзините чувства, не да се гости кај ќе стигне. Лојалните луѓе ги сфаќаат тие работи лично, затоа што тие никогаш не би ти го направиле истото тебе“ – стои во друг.
Adam Levine said he wasn't cheating, only admitted that he often sent messages on dm flirty
— Nero Crack 阿古斯河 𝕏 (@IOS_GrizlyWolf) September 21, 2022
While Wendy has spoken up and Reza Arap has not spoken up what's wrong with you, Reza Arap
a husband must be faithful to his wife, take care of his wife's feelings, not eating outside pic.twitter.com/OPVENg8wSl
„Најлудото нешто што го слушнав за Адам Левин е дека девојката требало да ѝ прати порака на неговата сопруга која е модел на Victoria’s Secret и има 8,2 милиони следбеници и да ѝ каже искрено дека сопругот ја изневерува“ – вели една девојка.
https://twitter.com/hmsalyer/status/1572264339360333825
„Не знам која е сопругата на Адам Левин, но се надевам дека ќе се разведе од него. Не само што ја изневерувал додека таа е бремена, туку и ја користел нејзнината бременост и нероденото бебе за да флертува со жени. Ужас.“
https://twitter.com/ulxma/status/1572505110420520964
Б. С. Б. | Црнобело