-->
-->


Адам Левин ја изневерувал бремената сопруга со 23-годишна девојка - сака да го крсти детето по неа, флертувал и со други жени

„Ја поминав границата, ќе го надминеме ова“ - Адам Левин, кој го чека третото дете со сопругата Бехати Принслу, наводно имал афера со 23-годишна девојка, па дури сакал и да го крсти детето како неа. Пејачот вели дека само флертувал, а уште 3 други жени тврдат дека им се додворувал на Инстаграм.

adam-levin-ja-izneveruval-bremenata-sopruga-so-infulenserka-23-saka-da-go-krsti-deteto-kako-nea-flertuval-i-so-drugi-zheni-01.jpg

Младата инфлуенсерка Самнер Строх објави видео на ТикТок во кое тврди дека имала афера со Адам Левин, но и дека пејачот ја прашал дали може да го крсти неговото дете како неа.

Пејачот од Maroon 5 е во брак со моделот Бехати Принслу и заедно го очекуваат третото дете.

adam-levin-ja-izneveruval-bremenata-sopruga-so-infulenserka-23-saka-da-go-krsti-deteto-kako-nea-flertuval-i-so-drugi-zheni-09.jpg

На почетокот од видеото, Самнер вели дека имала афера со „маж кој е во брак со модел на Victoria’s Secret, а потоа откри дека зборува за Адам Левин.

Инфлуенсерката вели дека била млада и наивна кога се случила аферата, па дури и дека сега се чувствува експлоатирано.

adam-levin-ja-izneveruval-bremenata-sopruga-so-infulenserka-23-saka-da-go-krsti-deteto-kako-nea-flertuval-i-so-drugi-zheni-13.jpg

Како доказ, Самнер покажа и дел од разговорот што го водела со Адам на Инстаграм, каде што пејачот ѝ дава комплименти за изгледот.

Потоа Самнар покажува уште еден скриншот од порака од Адам, која наводно ја добила неколку месеци откако престанале да се гледаат.

Порака гласи: „Во ред, сериозно прашање. Ќе имам уште едно бебе и ако е момче сакам да го крстам Самнер. Во ред е? Сериозен сум“.

@sumnerstroh embarrassed I was involved w a man with this utter lack of remorse and respect. #greenscreen ♬ original sound - Sumner Stroh

Видеото на Самнер привлече многу внимание и додека некои го обвинуваат пејачот, други ја нарекуваат инфлуенсерката „уништувач на домови“.

Јавноста ја критикува бидејќи почнала афера со женет маж, а сега пробува да се направи жртва.

adam-levin-ja-izneveruval-bremenata-sopruga-so-infulenserka-23-saka-da-go-krsti-deteto-kako-nea-flertuval-i-so-drugi-zheni-03.jpg

Поради ова, Самнер сподели уште едно видео во кое тврди дека Адам ѝ кажал дека ќе се разведува од Бехати.

„Мислев дека нивниот брак е завршен. Верував дека молчат за тоа поради негативниот публицитет. Поради тоа се чувствувам експлоатирано, бидејќи тој знаеше дека верував во сè што ќе ми каже“.

adam-levin-ja-izneveruval-bremenata-sopruga-so-infulenserka-23-saka-da-go-krsti-deteto-kako-nea-flertuval-i-so-drugi-zheni-04.jpg

Инфлуенсерка тврди дека штом сфатила дека Адам ја лажел, ја прекинала аферата.

„Посакувам да не бев толку наивна. Не пробувам да бидам сожалувана и јасно ми е дека јас не сум жртвата. Единствените личности кои се повредени се Бехати и нејзините деца. И, за тоа ми е многу, многу жал“.

@sumnerstroh Replying to @alanasanders89 ♬ original sound - Sumner Stroh

По скандалозните изјави на инфлуенсерка, се огласи и Адам Левин, тврдејќи дека немал афера, но дека погрешил што флертувал со неа.

„Се зборуваат многу работи за мене и сакам да ги разјаснам. Не расудував добро кога флертував со некој друг освен со мојата сопруга. Немав афера, но сепак ја преминав линијата во период од животот за којшто жалам.

Во некои моменти тоа беше несоодветно. Обрнав внимание на тоа и ги направив потребните работи за да го поправам ова со моето семејство.

Мојата сопруга и моето семејство се единствените нешта во светот за коишто се грижам. Тоа што бев толку наивен и глупав за да го ризикувам единственото нешто што ми е вистински важно, е најголемата грешка што можев да ја направам.

Нема да ја повторам. Преземам целосна одговорност. Ќе го надминеме ова. И, ќе го надминеме заедно“.

adam-levin-ja-izneveruval-bremenata-sopruga-so-infulenserka-23-saka-da-go-krsti-deteto-kako-nea-flertuval-i-so-drugi-zheni-20.jpg

Самнер вели дека воопшто не сакала јавно да зборува за аферата која наводно траела околу една година. Но, ги испратила скриншотовите од разговорот со пејачот на неколку пријатели, а тие сакале да ги продадат на некој таблоид.

Поради ова, сфатила дека мора таа да каже за аферата пред пријателите да ги продадат скриншотовите.

adam-levin-ja-izneveruval-bremenata-sopruga-so-infulenserka-23-saka-da-go-krsti-deteto-kako-nea-flertuval-i-so-drugi-zheni-02.jpg

Речиси веднаш по скандалот, се огласи уште една жена која тврди дека пејачот и нејзе ѝ праќал пораки со флертувачка содржина.

Станува збор за поранешната јога инструкторка на пејачот – Алана Забел – која работела со него од 2007 до 2010 година.

Според Алана, пејачот ѝ напишал дека сакал „да го помине денот со неа без облека“ како и дека им кажувал на пријателите дека „таа имала најдобар задник во градот“.

adam-levin-ja-izneveruval-bremenata-sopruga-so-infulenserka-23-saka-da-go-krsti-deteto-kako-nea-flertuval-i-so-drugi-zheni-08.jpg

Алана тврди дека нејзиниот дечко ги видел овие пораки, се разгневил, па дури и ѝ го повредил зглобот на раката.

Тој период пејачот беше во врска со друга жена.

„Ова беше деструктивен момент од мојот живот и кога му кажав на Адам, ме игнорираше, никогаш не ми се извини“, вели Алана.

Но, изгледа ова однесување на пејачот не е ништо ново.

Уште две жени се огласија изјавувајќи дека пејачот им пишувал флертувачки пораки, од кои дел најверојатно се од јули годинава.

adam-levin-ja-izneveruval-bremenata-sopruga-so-infulenserka-23-saka-da-go-krsti-deteto-kako-nea-flertuval-i-so-drugi-zheni-11.jpg

Во пораките што ги сподели едната жена, пејачот вели дека неговиот брак е комплициран, а на другата жена ѝ бара фотографии од нејзиниот задник.

И покрај изјавите на четирите жени, се чини Адам и сопругата се во добар однос.

adam-levin-ja-izneveruval-bremenata-sopruga-so-infulenserka-23-saka-da-go-krsti-deteto-kako-nea-flertuval-i-so-drugi-zheni-05.jpg

Тие беа забележани еден ден откако Самнер го објави скандалозното видео, а и двајцата изгледаат како да се одлично расположени.

Инаку, Адам и Бехати се во брак од 2014 година и заедно имаат две деца. Моментално Бехати е бремена.

adam-levin-ja-izneveruval-bremenata-sopruga-so-infulenserka-23-saka-da-go-krsti-deteto-kako-nea-flertuval-i-so-drugi-zheni-06.jpg

adam-levin-ja-izneveruval-bremenata-sopruga-so-infulenserka-23-saka-da-go-krsti-deteto-kako-nea-flertuval-i-so-drugi-zheni-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg