„Морав да абортирам, немаше да преживеам“: Криси Тајген со нови детали за изгубеното бебе
- Детали
- понеделник, 19 септември 2022
Криси Тајген откри дека пред две години не доживеала спонтан абортус, туку морала да абортира бидејќи бебето немало шанси да преживее, а бил загрозен и нејзиниот живот - нови детали за изгубеното дете Џек во 2020-та.
Пред околу две години, Криси Тајген и Џон Леџенд го очекуваа третото дете, но го изгубија поради компликации во бременоста.
Тогаш Криси откри дека доживеала спонтан абортус и стравуваше дека никогаш повеќе нема да може да остане бремена.
Криси и Џон дури имаа одбрано и име за синчето – Џек.
Сега Криси повторно е бремена, а неодамна откри дека со Џек не доживеала спонтан абортус, туку морала да абортира бидејќи нејзиниот живот бил во опасност.
Криси говореше на настан на кој учествуваат разни артисти, писатели, продуценти и слично, кои зборуваат за тековни проблеми.
„Пред две години, кога бев бремена со Џек, морав да донесам многу тешки и срцепарателни одлуки. Ни стана јасно дека тој нема да преживее и дека без никаква медицинска интервенција, нема да преживеам ни јас.
Да ја наречеме процедурата тоа што беше: беше абортус. Абортус кој ми го спаси животот за бебе кое немаше никакви шанси да преживее. И, да бидам искрена, всушност не го сфатив ова до пред неколку месеци.
Му кажав на светот дека имав спонтан абортус, светот се согласи со тоа, сите наслови во медиумите велеа дека е спонтан абортус.
И бев многу фрустрирана што уште на почетокот не кажав што е. Се чувствував глупаво што ми требаше повеќе од една година да сфатам дека всушност имав абортус“.
Криси и Џон открија дека го изгубиле синот Џек во септември 2020 година, во 20-тата недела од бременоста.
Моментално абортусот е забранет во многу држави во САД, вклучувајќи го и абортусот кој е неопходен за да се спаси животот на мајката.
Токму оваа забрана ја натерала Криси да прозбори за нејзиното искуство.
Иако доби голема поддршка, Криси сепак беше и нападната – некои ја критикуваат бидејќи сака внимание, а други за самата процедура.
Криси сподели неколку скриншотови од злобните коментари:
„Не ни е гајле“.
„Зошто мора да го знаеме ова? Сериозно“.
„Сега луѓето лажат за спонтани абортуси и абортуси?“
„Веќе те жалевме, па сега што да правиме со оваа информација“.
„Жал ми е што го изгуби детето, но престани да ја користиш таа приказна“.
Оние кои ја поддржуваат истакнуваат дека моментално многу жени во САД не можат да абортираат без разлика што нивното дете нема шанси за да преживее, а притоа им е загрозен и животот.
Тие сметаат дека е добро што јавни личности како Криси се отворени за овој проблем.
Криси, пак, изјави дека ги очекувала злобните коментари:
„Знаев дека ќе се случи ова. Искрено, ве имам видено во најлошо издание, па ако ова прави да се чувствувате подобро, одлично. Но, јас не се чувствувам полошо“.
I knew this would happen, and honestly I’ve already seen you do your worst so if this makes you feel better, great. It doesn’t make me feel worse though. pic.twitter.com/jCm8GH835V
— chrissy teigen (@chrissyteigen) September 16, 2022
Спирова С. | Црнобело