„Мојата љубов кажа ДА“ - Романтично запросување на Македонка на зајдисонце на Занзибар (фото)
- Детали
- понеделник, 19 септември 2022
Тие се еден од најфит паровите во Македонија... Адам Глигороски ја запроси својата сакана Кристина Неделковска на бротче за време на туристичка тура во Занзибар – локалците свиреа за нив, се пиеше шампањ.
Персоналниот тренер Адам Глигороски ја запроси својата сакана Кристина Неделковска за време на нивниот одмор на Занзибар.
На зајдисонце на бротче со други туристи, но и локалци, тој ѝ ги постави судбоносното прашање, а потоа се славеше со шампањ и музика од локалците, кои свиреа за нив.
Потоа чинот го овековечија и со неколку фотографии на плажа на зајдисонце.
Адам сподели фотографии од романтичниот миг и напиша: „Мојата љубов кажа ДА“.
Кристина и Адам се еден од најфит паровите во Македонија.
Фотографии од запросувањето:
Повеќе фотографии од нивниот престој на Занзибар ТУКА...
С. С. | Црнобело