Заради ендометриозата ѝ рекле дека никогаш нема да стане мајка, на 39 години го родила првото дете – Факти за Сузан Сарандон
- Детали
- сабота, 10 септември 2022
Денес е горда мајка на 3 деца и баба на 3 внучиња, а со таткото на нејзините синови се разделила затоа што бил премногу љубоморен на љубовта што тие ја добивале од неа... Факти за актерката што меѓу првите отворено говореше за борбата за потомство.
Сузан Сарандон (75) е една од најпознатите холивудски актерки, која освен што е позната по големиот број успешни филмови исто така е и една од актерките што отворено говореа за борбата со ендометриозата.
Во продолжение неколку интересни факти за актерката:
Вистинското име на актерката е Сузан Абигејл Томалин, но со години е позната по презимето на нејзиниот прв и единствен сопруг Крис Сарандон, со кого стапила во брак на само 17 години, затоа што двајцата стравувале дека ќе бидат избркани од католичкото училиште.
Сузан и Крис биле во брак во периодот од 1967-ма до 1979-та година, но не добиле деца заедно.
Во 1970-тата година Сузан ќе ја започне својата блескава филмска кариера со улогата во филмот Joe, а до 1985-та година веќе имала остварено над 25 улоги.
По бракот со Крис, Сузан била во врска со повеќе познати личности меѓу кои и со Шон Пен и Дејвид Бови, а со режисерот Франко Амури со кого била во врска од 1984-та година, до 1988-ма година, на возраст од 39 години ќе ја добие ќерката Ева Амури.
Сузан во повеќе прилики говорела дека главна причина за тоа што релативно доцна станала мајка е и тоа што долго време се борела со ендометриозата, но лекарите не можеле да ѝ постават дијагноза. Како што вели, дури лекарите ѝ велеле дека никогаш нема да има деца.
Таа со години имала огромни болки, а дијагнозата ја добила дури на возраст од 36 години.
„Кога постојано трпиш болка, не си свесен дека тоа не е нормално... Не е нормално жените да страдаат толку многу, дури и кога сме воспитани така“ – рече во 2011-та година Сузан Сарандон за време на Балот на Фондацијата за ендометриоза во САД.
По раѓањето на Ава, Сузан ја прекинала врската со нејзиниот татко и ќе започне врска со актерот Тим Робинс, кој бил 12 години помлад од неа и со кого ќе добие уште две деца: Џон „Џек“ Хенри во 1989-та година и Мајлс Робинс во 1992-ра година.
„Го добив првото бебе на 39 години, а третото на 45 и со секое дете луѓето ми велеа: ‘Дали си луда? Немој!’“ – откри таа во една прилика.
Сузан и Тим биле во врска до 2009-та година, а таа вели дека проблемите во врската настанале откако ги добиле синовите. Според неа, Тим бил мошне љубоморен на момчињата и со оглед на тоа што тој немал добар однос со мајка му, бил мошне љубоморен на љубовта на Сузан кон синовите.
Денес Сузан освен што е мајка на 3 деца, таа е горда баба на 3 внучиња кои ги доби од ќерката Ава.
Б. С. Б. | Црнобело