Дамиано Давид настапи со гол задник, бизарен холограм од Џони Деп: Како помина доделувањето на MTV VMA?

Дамиано Давид се појави на сцена речиси гол со танга, настапот на неговиот бенд беше цензуриран, а во еден миг на доделувањето се појави и холограм од Џони Деп кој се шегуваше дека очајно му треба работа (по судењето со Амбер Херд).

damiano-david-nastapi-so-gol-zadnik-bizaren-hologram-od-djoni-dep-kako-pomina-dodeluvanjeto-na-mtv-vma-001.jpg

Во неделата, 28-ми август, се одржа овогодишното издание на MTV VMA наградите, а настапот на Maneskin привлече повеќе внимание од самото доделување.

Вокалистот Дамиано Давид се појави на сцената без маица, со панталони кои целосно му го откриваат задникот.

cenzuriran-nastap-na-maneskin-poradi-golotija-hologram-od-dzhoni-dep-kako-pomina-dodeluvanjeto-na-mtv-vma-04.jpg

Бендот ја изведуваше нивната нова песна Supermodel, но неполна минута откако почна настапот, басистката на Maneskin имаше мала незгода.

Таа носеше сако кое во еден момент ѝ падна, па беше топлес на сцената. Но, наводно имала лепенки на градите.

По ова, продолжи да свири, но организаторите го цензурираа настанот, односно ги свртеа камерите во друга насока.

cenzuriran-nastap-na-maneskin-poradi-golotija-hologram-od-dzhoni-dep-kako-pomina-dodeluvanjeto-na-mtv-vma-05.jpg

Ова, пак, разгневи голем дел од јавноста и фановите сметаат дека организаторите му должат извинување на бендот бидејќи направиле цензура на нивниот настап.

MTV, разочаран сум што одлучивте да не го покажете настапот. Им го уништивте перформансот. Им должите извинување!“

„Ники Минаж може да симулира мастурбирање на сцената, но Викторија од Maneskin не смее да покаже брадавица со лепенка? Сериозно?“

„Малку е глупаво што ги цензуриравте. Не ги ни свртевте камерите кон останатите членови на бендот, туку целосно ги цензуриравте. Не е фер“.

cenzuriran-nastap-na-maneskin-poradi-golotija-hologram-od-dzhoni-dep-kako-pomina-dodeluvanjeto-na-mtv-vma-02.jpg

Доделувањето на наградите го обележа уште еден, по малку чуден настан.

Во еден миг, на сцената имаше холограм од Џони Деп облечен во сребрен скафандер, инспириран од статуетката што ја добиваат победниците на наградите.

Џони Деп, односно холограмот кажа и шега: „Знаете што? Ми треба работа“.

Холограмот беше прикажан уште еднаш, повторно кажувајќи шега: „Само сакам да знаете дека сум достапен за родендени, свадби, погреби. Што и да ви треба“.

Според коментарите на Твитер, мислењето на јавноста е поделено во врска со појавувањето на Џони Деп.

Некои сметаат дека е смешно:

„Навистина е смешно, но треба да знаете што се случува во неговиот живот за да ја сфатите шегата. Сепак, браво за MTV што му дадоа шанса да се врати во центарот на вниманието“.

„Ништо не ме прави посреќен од тоа што овој маж си го враќа животот откако заврши неговиот кошмар. Горд сум на него“.

Но, некои не се воопшто воодушевени:

„Појавувањето на Џони Деп е грозно“.

„Џони Деп нема никаква врска со наградите“.

И, секако, црвениот тепих на доделувањето исто така секогаш привлекува многу внимание.

Фаворит на вечерта беше Тејлор Свифт со фустан изработен од многу сребрени ланци, во комбинација со сандали со сличен дезен.

cenzuriran-nastap-na-maneskin-poradi-golotija-hologram-od-dzhoni-dep-kako-pomina-dodeluvanjeto-na-mtv-vma-06.jpg

Доста внимание привлече и Lil Nas X со чудната комбинација.

cenzuriran-nastap-na-maneskin-poradi-golotija-hologram-od-dzhoni-dep-kako-pomina-dodeluvanjeto-na-mtv-vma-07.jpg

Покрај провокативниот аутфит за нивниот настап, членовите на бендот Mansekin беа разголени и на црвениот тепих.

cenzuriran-nastap-na-maneskin-poradi-golotija-hologram-od-dzhoni-dep-kako-pomina-dodeluvanjeto-na-mtv-vma-03.jpg

Повеќе фотки од настанот:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа е сè што јас не сум“ – Џони Деп ја возвишува мајката на неговите деца, додека се гледа со 33 го... „Срамота – таа е само две години постара од ќерка му!“ - Џони Деп е на удар на к...
Најубавите парови на доделувањето на Еми награди 2024 (фото) Кортни Кардашијан и Тревис Баркер споделија страстен бакнеж пред камерите, а Сел...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Платила за да најде докази за насилство – Како Амбер Херд „се самоуништи“ за време на судењето со Џо... Кој бара, ќе најде! Но, Амбер Херд наместо да најде докази што може да докажат д...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg