„Што си направила со лицето?“ - Бившата сопруга на Арнолд Шварценегер ги загрижи фановите со изгледот
- Детали
- петок, 26 август 2022
За време на бракот со Марија Шивер со која има 4 деца, Арнолд Шварценегер доби дете со куќната помошничка... Денес, Марија Шивер е непрепознатлива. „Што си направила Марија Шивер на лицето? Ужасно!“, велат фановите.
Марија Шивер (66), поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер, беше фотографирана за време на прошетка во Лос Анџелес во кежуал издание, без шминка, и изгледа комплетно непрепознатливо.
Изгледот на нејзиното лице ги загрижи фановите, кои почнаа да коментираат на социјалните мрежи: „Што си направила Марија Шивер на лицето? Ужасно!“
Марија, чиј чичко беше Џон Ф. Кенеди, некогашниот претседател на САД, стапи во брак со Шварценегер во 1986 година.
Парот доби 4 деца, но се разделија во 2011 година. Арнолд и Марија изгледаа вљубено и среќно, сè додека актерот не призна дека не само што имал афера со нивната куќна помошничка, туку добиле и дете.
Нормално, после признанието Марија го напушти, а актерот ѝ исплати дури 250 милиони долари.
Парот е во пријателски односи поради доброто на нивните деца.
Како изгледала Марија некогаш:
Како изгледа Марија сега:
С. С. | Црнобело