Познати личности со најмногу деца - Марлон Брандо е татко на 15 деца, Еди Марфи на 10
- Детали
- петок, 09 септември 2022
Анџелина Џоли е мајка на шест деца – три посвоени и три биолошки, додека Марлон Брандо е татко на дури 15 деца.
Многу луѓе сакаат големи семејства, но најчесто финансиите не им го дозволуваат тоа.
Па, повеќето семејства имаат едно, две, најмногу три деца.
Но, за познатите личности парите скоро никогаш не се пречка, па тие без проблем можат да се грижат за многу деца.
Кои познати личности имаат најмногу деца?
Марлон Брандо – 15 деца
Со првата сопруга, актерот доби едно дете, а со втората и третата сопруга по две.
Потоа, тој има и три деца кои ги доби со неговата куќна помошничка, и уште четири деца од непознати жени.
Тој има посвоено три деца, а се верува дека е татко на уште едно дете кое наводно го дал на посвојување. Сепак, ова не е потврдено.
Миа Фароу – 14 деца
Актерката има три биолошки и три посвоени деца со поранешниот сопруг Андре Превин.
Со Вуди Ален, таа има едно биолошко и две посвоени деца, а самата има посвоено пет деца.
Чарли Чаплин – 11 деца
Со првата сопруга, актерот доби една ќерка, но таа почина по само три дена.
Со втората сопруга доби две деца, а со четвртата – осум.
Еди Марфи – 10 деца
Комичарот има пет деца со првата сопруга и две деца со сегашната вереница.
Исто така, тој е татко на три деца што ги доби со поранешни девојки.
Мел Гибсон – 9 деца
Мел Гибсон има добиено две деца со поранешни девојки, како и седум деца со поранешната сопруга Робин Денис Мур.